Достапни линкови

Белорусија е со Русија, ама...


Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека руската анексија на Крим претставува лош преседан. Сепак, според него, за ваквиот развој на настаните биле виновни самите Украинци.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, оценувајќи дека анектирањето на Крим од страна Русија претставува лош преседан, сепак изјави дека сега тој регион и де факто е руска територија.
Кога доаѓа до признавање или непризнавање на анексијата, Крим не е независна држава како Осетија или Абхазија. Крим денес е дел од руската територија. Можете да го признаете или да не го признаете, но тоа не менува апсолутно ништо.
Александар Лукашенко, претседател на Белорусија.


Запрашан за неговото одбивање да ја одбори анексијата на Крим од Украина, Лукашенко рече дека признавањето нема никава важност во новонастаната ситуација.


„Кога доаѓа до признавање или непризнавање на анексијата, Крим не е независна држава како Осетија или Абхазија. Крим денес е дел од руската територија. Можете да го признаете или да не го признаете, но тоа не менува апсолутно ништо“, рече тој.

И покрај индиректната критика за ваквиот потег на Москва, Лукашенко изјави дека Украинците сами биле виновни за кризата со тоа што со години дозволувале, како што рече, да имаат корумпирано раководство.
Украина би требало да остане обединета, интегрална држава која не е членка на никаков блок, бидејќи тоа би било многу чувствително и за нас и за Русија, доколку, на пример НАТО војници утре се разместат во Украина. Тоа не можеме да си го дозволиме. Тоа е наш глобален интерес.
Александар Лукашенко, претседател на Белорусија.


„Нивните лидери дадоа причина, или барем предуслови за интервенцијата на Русија“, изјави Лукашенко, кој оцени дека Украина не би требало да станува членка на ниту еден блок, вклучувајќи го и НАТО.

„Украина би требало да остане обединета, интегрална држава која не е членка на никаков блок, бидејќи тоа би било многу чувствително и за нас и за Русија, доколку, на пример НАТО војници утре се разместат во Украина. Тоа не можеме да си го дозволиме. Тоа е наш глобален интерес. Затоа треба да направиме договор веќе никој да не се меша во Украина“, рече Лукашенко.

Во почетокот на овој месец, на барање на претседателот Лукашенко, Москва испрати петнаесетина воени авиони во Белорусија.

Лукашенко објасни дека авионите биле побарани за одбрана од интензивното разместување на НАТО авиони во нејзините земји членки во близина на Украина. Авионите, според белорускиот претседател ќе останат се додека, како што рече, тоа го сакаат Москва и Минск.

Рускиот претседател Владимир Путин размести руски војници во Крим за заштита на правата на луѓето кои зборуваат руски јазик. Во Белорусија само осум проценти од жителите се етнички Руси. Меѓутоа, рускиот јазик е главен во цела Белорусија, со што се зголемува загриженоста на Минск дека Русија би можела во иднина за цел да ја има Белорусија, корситејќи го истото оправдување што Путин го даде и за освојувањето на Крим.

Лукашенко, кој е на власт скоро две децении, е под големи критики на Запад за неговото насилно справување со опозицијата и со слободата на изразување. Белорусија во најголема мера зависи од економската и воената помош од Русија.

Белорусија која порано беше позната како Бела Русија е во толку тесни политички и културни врски со Русија што двете земји во 1999 година потпишаа договор за извесен вид конфедерација, иако таа со минувањето на годините ја загуби силата.

Сега секое ново спојување треба да мине на референдум. Меѓутоа, ваквиот плебисцит, според аналитичарите, би можело да биде сомнителен со оглед на ситацијата во Украина.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG