Достапни линкови

Илијаз Халими - ДПА


Илјаз Халими е роден на 2 јули во Тетово. Дипломирал филозофија и социологија на Филозофскиот факултет во Приштина. Од 1979-1998 година работел како професор по социологија и филозофија во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

Политичка кариера ја започнал во 1991 година, како претседател на Народната демократска партија (НДП ). Во 1997 ПДП заедно со НДП ја формираат ДПА, а
Халими со години во ДПА има висока партиска позиција. Десет години беше потпретседател на партијата, а сега е претседател на Централното собрание на ДПА.

Тој во неколку мандати беше пратеник во Собранието, а во периодот 1998-2002 Халими ја извршува функцијата заменик претседател на Парламентот. По пратеничката кариера беше и заменик министер во Министерството за одбрана, како и раководител на Одделението за јавни дејности во Општина Тетово. Сега работи како раководител на сектор информации во Општина Тетово.
XS
SM
MD
LG