Достапни линкови

Стево Пендаровски - СДСМ


Стево Пендаровски е роден на 3 април 1963 година во Скопје. Тој е е доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и актуелен кандидат за Претседател на Република Македонија.

Професионална кариера

По завршувањето на високото образование е назначен за раководител на одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи. Покрај тоа, три години паралелно е портпарол (заменик-министер за односи со јавност) во МВР.
Од 2001 е назначен за шеф за национална безбедност и главен советник за надворешна политика во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Во 2004 и 2005 година е шеф на Државната изборната комисија.

Неговите истражувачки области вклучуваат меѓународни односи, разузнавање и национална безбедност, геополитика, глобализацијата, надворешната политика на САД, надворешна и безбедносна политика на ЕУ, малите држави во меѓународните односи.

Обрзование

Стево Пендаровски е дипломиран правник на Правниот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1983-1987 година). Магистрира на истиот Универзитет, на Институтот за политички, правни и социолошки истражувања на тема „Новата геополитика на Република Македонија: Контрадикциите на комунистичките и транзициони матрици”. На истиот Институт докторира на тема „Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и малите држави: Рамката на националниот дискурс“.

Од 2008 година навака е професор доктор од областите на меѓународната безбедност, глобализацијата, светската политика и САД, меѓународните организации и институции, надворешната политика и тероризмот.
XS
SM
MD
LG