Достапни линкови

За Киев одлуката на Крим е нелегимна


Премиерот на Украина и генералниот секретар на НАТО
Премиерот на Украина и генералниот секретар на НАТО

За Киев - одлуката на кримскиот парламент за припојување на Крим со Русија е нелегитимна. Украинскиот премиер со подршка од НАТО и ЕУ.

Украинскиот премиер Aрсениј Јатсениук изјави дека барањето на локалниот парламент во Крим да стане дел од Русија е "нелегитимно". Јатсениук ова го изјави во Брисел, на маргините на состанокот на лидерите на ЕУ ЗА окупацијата на Крим од страна на руските сили.

Парламентот на Крим денеска имено едногласно изгласа тој украински полуостров да стане дел од Русија. Според некои парламентарци од опозицијата, како Леонид Пилунски, на седницата намало кворум, некои законодавци биле спречени да присуствуваат, а други не биле поканети.

Како и да е, про-руското раководство на Крим, исто така, решило референдумот за тоа дали Крим да се припои кон Русија или да остане во Украина, да се одржи во наредната недела, на 16-ти март.
Првиот заменик премиер Рустам Темиргалиев ,исто така, рече дека украинските вооружените сили на Крим ќе се сметаат за "окупатори" и и оти мора да се предадат или да го напуштат Крим.
На Крим русите се во мноизинство, а регионот е и седиште на руската црноморска флота.

Украинскиот Премиер Јатсенијук исто така изјави дека Украина е подготвена да потпише договор за асоцијација со ЕУ, чии отфрлање од страна на про-рускиот претседател Виктор Јанукович ја предизвика сегашната криза. Јатсениук го посети и седиштето на НАТО каде доби подршка за украинскиот суверенитет.

САД со рестрикции за загрозувачите на украинскиот суверенитет

Соединетите Држави воведоа визни рестрикции за официјални претставници и индивидуалци кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Според американски претставник, тоа важа и за украински и за руски државјани. Белата Куќа соопшти и дека претседателот Барак Обама потпишал наредба за санкции против личности кои ги поткопуваат демократските процеси или институции во Украина.
Во соопштението се додава и дека се можни и дополнителни мерки. Во меѓувреме, Пентагон соопшти дека американски разурнувач е во водите на Црно Море, во рамките на претходно планираните вежби, во кои се вклучени и Бугарски и Романски бродови. Пентагон демантира каква било врска на оваа вежба со ситуацијата во Украина.

Русија - Ниска пропаганда на САД

Русија ја оцени како "примитивно искривување на реалноста" и "ниска пропаганда" листата на американскиот Стејт департмент со наслов „Приказните на Путин: 10 лажни тврдења за Украина“.
Според руското Министерство за надворешни работи, САД немаат морално право да даваат лекции за меѓународните норми и почитувањето на суверенитетот на другите земји.
Американскиот Стејт департмент неведе дека Путин ги игнорирал или искривил фактите за да ја оправда руската агресија врз Украина.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG