Достапни линкови

„Митолошки слики“ на Димитар Солаковски во Музеј на Град Скопје


Тринаесет дела во голем формат, настанати во последниве пет години, ќе бидат претставени на самостојната изложба „Митолошки слики“ на уметникот Димитар Солаковски што од 28 јануари се одржува во Музеј на град Скопје. За битолскиот автор се вели дека се стреми на иновативен начин да ги спои неговата посветеност и вербата кон сликарството, интимната меморија и историја, а воедно и општествените проблематики.

Митот и неговото место во историјата на цивилизациите, неговата присутност и влијание на начинот на кој размислуваме, функционираме и носиме одлуки се една од главните теми во творештвото на Димитар Солаковски.
Тоа се големи настани кои што означиле трансформација на целокупната човечка цивилизација. Аналогијата може да се најде и во сите денешни случувања кои ние сега ги набљудуваме и многу ни се блиски за да имаме некоја дистанца.
Димитар Солаковски, сликар.

Уметникот константно повикува на преиспитување на митот и евроцентричната интерпретација на историјата и културите.
Ова, меѓу другото, во опсежниот и аналитичен текст поместен во каталогот за самостојната изложба „Митолошки слики“ на Димитар Солаковски во Музеј на град Скопје ќе го забележи неговиот колега Иванчо Талевски, професор на Универзитетот Пенсилванија, во Филаделфија – САД.

Тој потенцира дека елементите од теми како митот за грабнувањето на Европа, Тесеј и Минотаурот, начинот на кој е
Димитар Солаковски, сликар.
Димитар Солаковски, сликар.
третиран случајот со Егзодусот на Македонците од Егејска Македонија, тековната светска финансиска криза, либералниот капитализам, практикуваниот комунизам и современата политичка ситуација во Македонија, авторот ги презентира како визуелни проблематики кои му овозможуваат да оформи засебен
Повеќе сум присутен на групните изложби затоа што за самостојните треба да составите поквалитетен одбир и сето тоа да има одреден концепт со кој ќе испратите некоја јасна порака.
Димитар Солаковски, сликар.
сликарски јазик.

А, Солаковски, пак, вели дека изложбата опфаќа подолг временски период и дека притоа во сите изложени слики провејува моментот на поврзување на митот, но не како историска категорија проткаена со класичните содржини во него, туку како нешто што постојано се случува како поука за луѓето. Тој појаснува дека во нив се опфатени не само највисоките, туку и најдолните моменти од развојот на човештвото и дека постојано околу нас се испреплетуваат елементи кои ни даваат за право не само да
анализираме, туку и да ги споредуваме со оние што се случувале во дамнешната историја.

„Тоа се големи настани кои што означиле трансформација на целокупната човечка цивилизација. Аналогијата може да се најде и во сите денешни случувања кои ние сега ги набљудуваме и многу ни се блиски за да имаме некоја дистанца. Меѓутоа верувам дека и луѓето кога го создавале митот тоа го правеле со прераскажување на приказната. Некогаш како пропаганда за да му се даде значење на оној кој настапувал со агресија кон некого и за да се оправда сето тоа му се припишувале митолошки карактеристики. Така што и денеска не сме далеку од создавањето на некој мит во современото човеково општество. “

Роден 1975 година во Битола, Димитар Солаковски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство со конзервација и реставрација во класата на проф. Танас Луловски. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, на ИКОМОС, а во периодот од 2008 до 2011 година беше претседател на Друштвото на ликовни уметници на Битола.

Долго време работел на конзервациско-рестраврациски проекти во родниот град и во Охрид, автор е на повеќе илустрации за книги и публикации, а самостојно изложувал во 2003 година во Уметничката галерија во Битола. Учесник е на бројни групни постановки, домашни и интернационални сликарски колонии, а за своето творештво сем што бил биран за најдобар студент на ФЛУ и универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, добитник е на наградата „Франц Манинг“ и на Наградата за ликовно остварување за 2012 година - „Борислав Трајковски“ на традиционалната Ноемвриска изложба.

Говорејќи за себе и за сопствениот творечки израз, Солаковски знае да каже дека притоа се обидува да биде што поаналитичен бидејќи милува да му се прочистени и мислите и сликите.

„Повеќе сум присутен на групните изложби затоа што за самостојните треба да составите поквалитетен одбир и сето тоа да има одреден концепт со кој ќе испратите некоја јасна порака. Квантитетот на изложби не е секогаш пресуден за развојот на еден автор. “

Во контекст на ова, некои од делата од актуелната постановка на Димитар Солаковски, заедно со оние на неговата сопруга Љубица Нешкова - Солак и гевгелиската сликарка Гордана Хаџи-Николова, на 26 март годинава, ќе и бидат претставени на ликовната публика во берлинскиот „Прима центар“.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG