Достапни линкови

Кој сака да биде милионер - ново име за Законите за медиуми


Кој сака да биде милионер, треба да се вика Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и порача на Владата пратеничката на СДСМ Билјана Казанчинска.

Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, по скратена постапка.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски образложувајќи ги измените и дополнувањата рече дека тие се усогласени со еснафските здруженија на новинарите и со нив се изземаат интернет порталите од системските решенија.

На гласањето му претходеше жестока расправа. Кој сака да биде милионер, треба да се вика Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и порача на Владата пратеничката на СДСМ Билјана Казанџинска на собраниската седница на која се расправаше за Законот за аудио и аудиовизуелни уметности.
Денес ќе носите закон за перење пари, за купување човечки души, закон за перење мозок, закон за партнерство на Владата и приватните национални телевизии и озаконување на сивата моќ на власта.
Билјана Казанџиска, СДСМ.

„Денес ќе носите закон за перење пари, за купување човечки души, закон за перење мозок, закон за партнерство на Владата и приватните национални телевизии и озаконување на сивата моќ на власта. Закон со кој конечно ќе се справите и ќе ги решите сите критички мисли и целиот критички глас во нашата држава и тоа со јавни пари“, рече Казанџиска.

Според Казанџинска досега имало појава кога медиумите ја
Архивска фотографија - комисиска расправа за законот за медиуми.
Архивска фотографија - комисиска расправа за законот за медиуми.
спонзорирала власта, но дошол денот кога сметката треба да се плати и сега власта им враќа на медиумите.

„И еве како? Најнапред ќе си купи главен и одговорен уредник - Ивона Талевска. Ќе си ја плати со милион евра, само уште да се изјасни министерот дали Ивона Талевска е новинар или продавач
Вестите на Телма се диктирани од власта? Со секојдневни напади и пресовите од СДСМ што ви ги пренесуваат по 5 минути? Тоа од ВМРО го диктираат? Или на Алсат, што минимален етнички проблем го пумпаат и го прават како кој знае што да се случило.
Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ.
на медицинска опрема“, вели Казанџинска.

Според неа, откако власта го решила прашањето со главниот и договорен уредник, потоа си ја купила и Сител телевизија.

На тоа реплицираше пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски кој и порача кога зборува за Сител треба да ги спомне и другите телевизии.

„Кога зборувате за ТВ Сител, ве молам зборувајте и за ТВ Телма и за ТВ Алсат и за други телевизии и за Канал 5 и за Алфа, ама која вие е логиката, вадите еден пример и од тој правите скандал. Вестите на Телма се диктирани од власта? Со секојдневни напади и пресовите од СДСМ што ви ги пренесуваат по 5 минути? Тоа од ВМРО го диктираат? Или на Алсат, што минимален етнички проблем го пумпаат и го прават како кој знае што да се случило, само за да ги разнишаат односите меѓу коалиционите партнери “, рече Димовски.

Пратеникот на СДСМ, Благоја Стојановски вели дека последно нешто на памет на владата и е слободата на изразување и независни медиуми во Македонија и сите тоа го знаат без оглед на театарот што се случува во Собранието.

„Господа од ВМРО-ДПМНЕ ако сакате да имате слобода на изразување, објективни медиуми и објективно новинарство не треба закони да носиме. Доволно е да се има политичка волја. Меѓутоа за да имаме слободно новинарство, слобода на изразување и говор треба да живееме во слободна држава, таква каква што ни најмалку не е Македонија“, рече Стојановски.

Според СДСМ, на власта и е важна контролата врз медиумите за да ја задржи својата моќ и да не загуби на избори.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG