Достапни линкови

Човековите права се кршат, но никој не се жали


Власта ја злоупотребува моќта за да се сее страв и активистите за човекови права го чувствуваат тоа, вели Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.

Моќта и власта во Македонија се злоупотребуваат на еден мошне дегутантен начин со единствена цел да се сее страв и активистите за човекови права го чувствуваат тоа, бидејќи најголем дел од граѓаните не бараат правна помош стравувајќи за својата егзистенција и од можните реперкусии по нивниот живот, вели извршната директорка на Хелсиншкиот Комитет, Уранија Пировска во интервју за Радио Слободна Европа што во целост ќе се емитува в недела.
Сето тоа е еден манир на однесување на еден тоталитарен режим, морам така да го наречам, во кој буквално се ништи сето она што претставува фундаментално право и слобода на граѓанинот.
Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот Комитет.

„Сето тоа е еден манир на однесување на еден тоталитарен режим, морам така да го наречам, во кој буквално се ништи сето она што претставува фундаментално право и слобода на граѓанинот“, вели Пировска.
Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет на Македонија.
Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет на Македонија.

Затоа, според неа, иако има механизми за заштита на правата на граѓаните, тие не се остваруваат поради стравот на граѓаните.

„Тоа мислам дека е сосема логично. Значи, ние зборуваме за систем, ние не зборуваме само за еден сегмент од институциите на власта коишто не функционираат, ние зборуваме за една машинерија, а таа машинерија се нарекува извршна власт, којашто работи на постигнување на целите на една, на две партии коишто се на власт. Оттука, вие немате само систем којшто делува превентивно, туку имате и систем којшто не може да делува заштитно“, вели Пировска.
Граѓанинот нема вистински, објективен, независен, било функционално, било персонално, механизам, којшто би можел да ги истера докрај сите оние процедури коишто се предвидени во законите.
Мирјана Најчевска, универзитетски професор.

Професор Мирјана Најчевска вели дека механизмите се под капа на власта, односно ниту еден од нив нема независност, која ќе овозможи вистинско застапување на интересите на граѓаните и контрола на активностите кои значат повреда на човековите права.

„Така што нема никаков проблем во односот меѓу овие механизми и власта, затоа што едноставно тие не претставуваат никаква опасност, никакво застрашување за власта. Напротив, тие многу добро соработуваат со неа“, вели таа.

Тоа, според Најчевска, значи дека граѓанинот е оставен сам на себе.

„Граѓанинот нема вистински, објективен, независен, било функционално, било персонално, механизам, којшто би можел да ги истера докрај сите оние процедури коишто се предвидени во законите“, вели Најчевска.

Според Пировска, неприфатливи се образложенијата дека нема ништо да се постигне, бидејќи институциите нема да реагираат, затоа што тие постојат за граѓаните. Таа порачува дека затоа невладините се важен сегмент во општеството кога граѓанинот е маргинализиран и застрашен од политиките на власта.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG