Достапни линкови

Имаат ли новите партии шанса за успех


Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ - Граѓанска опција за Македонија.
Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ - Граѓанска опција за Македонија.

Новите партии имаат шанса да „преживеат“ со балансирање на односите меѓу големите партии. Тие со мисија да го уништат биполарнито свет на големите партии и да покажат дека има и поинакво мислење.

Не сакам да верувам дека во Македонија постојат две вистини, вмровска и сдсмовска, вели претседателот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски.
Ќе нудиме решенија на проблемите како што тоа го правевме на овие избори во Карпош, а плукањето во далечина ќе го оставиме на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.
Стевчо Јакимовски, ГРОМ.

Верува дека има иднина за малите партии во земјава и дека нивната цел е да го уништат биполарниот свет и да покажат дека постои и друго мислење кое треба да излезе на површина.

„Она по што ние ќе се разликуваме е што ќе нудиме проекти, ќе нудиме решенија на проблемите како што тоа го правевме на овие избори во Карпош, а плукањето во далечина
Љупчо Зиков, претседател на граѓанска Иницијатива - Алијанса за позитивна Македонија и Владо Бучковски, член на иницијативата.
Љупчо Зиков, претседател на граѓанска Иницијатива - Алијанса за позитивна Македонија и Владо Бучковски, член на иницијативата.
ќе го оставиме на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. ГРОМ ќе придонесува во оваа држава да се смируваат политички тензии и да има дијалог на политичката сцена.“

Лидерот на Алијансата за позитивна Македонија, Љупчо Зиков вели дека граѓаните на Македонија предолго се заложници на негативна енергија, на говор на омраза и непродуктивен политички процес кој се одвива меѓу двете албански и
Првата етапа ја минуваме, а тоа е смирување на политичката сцена а тоа го правиме преку нашиот толерантен настап, без говор на омраза, настап на неисклучивост туку надградба на идеи.
Љупчо Зиков, Алијанса за позитивна Македонија.
двете најголеми македонски партии. Оттука, вели Зиков, времето работи за малите партии и тие можат да дадат голем придонес.

„Ние нудиме решение на македонските проблеми во делот на три столба. Прво и клучно прашање е големиот одлив на македонски граѓани во странските земји, вториот столб е нашиот концепт за 100 000 работни места во преработувачката индустрија, во реалниот сектор кај компаниите и третиот столг е помирување на политичката сцена. Првата етапа ја минуваме, а тоа е смирување на политичката сцена а тоа го
правиме преку нашиот толерантен настап, без говор на омраза, настап на неисклучивост туку надградба на идеи. Кога оваа фаза ќе помине ќе седнеме да поразговараме како луѓе пред се, а потоа како политичари, за она што значат линии над кои не може да се помине, оние црвени линии за неколку клучни национални прашања“, вели Зиков.
Ако понудат нешто ново верувам дека имаат шанса да опстојат.
Алберт Муслиу, аналитичар.

Малите партии имаат шанса да „преживеат“ со балансирање на односите меѓу големите партии, па не ретко нивниот електорат се одлучувачки фактор за формирање на некоја идна Влада, смета политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

„Во случај ако на наредните избори се избалансираат поголемите партии, малите партии ќе бидат уште порелевантни, а во случај дисбалансот помеѓу големите партии да продолжи, изборната вредност на малите партии ќе се намалува.“

Она што е најважно за малите партии е да понудат квалитетна програма и да не практикуваат популизам во своето дејствување, сугерира Муслиу. Веројатно само така може да ги заинтересираат граѓаните и да се надеваат на политички успех, вели Муслиу.

„Ако понудат нешто ново, ако се определат кон една друга публика, друг електорат, независни луѓе со нови идеи, луѓе кои не се задоволни од настапите или од политиките на поголемите партии, верувам дека имаат шанса да опстојат.“

Според проценките на аналитичарите не треба од старт да се биде скептичен кон малите партии, а нивната судбина во голема мера ќе зависи од тоа како ќе „одиграат“ на првиот изборен циклус и дали ќе сменат нешто од нивните политики и програми што ги нудат на почетокот.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG