Достапни линкови

Фрли пред избори, за да добиеш избори


Повисоки плати и пензии се најава за предвремени избори. Веќе е практика да се зголемуваат примањата на буџетските корисници во пресрет на избори, велат аналитичарите.

Планираните повисоки плати и пензии секако ќе обезбедат повеќе политички поени за владеачката коалиција, сметаат упатените. Политикологот Едмонд Адеми вели дека кај нас веќе е практика да се зголемуваат примањата на буџетските корисници во пресрет на избори.
Тоа е прилично јасна порака дека владата спрема предвремени парламентарни избори и тоа е една класична корупција и купување на гласови од страна на владата.
Едмонд Адеми, политички аналитичар.

„Тоа е прилично јасна порака дека владата спрема предвремени парламентарни избори и тоа е една класична корупција и купување на гласови од страна на владата, на владејачката коалиција и тоа веќе не е ништо ново, тоа се повторува веќе неколку изборни циклуси и токму заради тоа имавме нели и критики од ОБСЕ/ОДИХР.
Предизборна кампања за локалните избори 2013.
Предизборна кампања за локалните избори 2013.

Повисоките примања за популарно наречените „буџетари“ не се единствените поднови кои се предлагаат за догодина. Предвидено е административците во Министерството за финансии да добијат и подновена зграда, за чие реновирање се планираат 12,2 милиони евра. Според предлог буџетот, МВР ќе врши
Да, станува лесно да се купат гласови, затоа што народот е притиснат и доведен до тој степен , па дури и за сто денари повеќе во семејниот буџет, тие ќе климаат со глава и ќе бидат благодарни.
Соња Стојадинови, политички аналитичар.
реконструкција на згради во вредност од 533 илјади евра, а за реформи во министерството, ќе се оздвојат 11,6 милиони.

Тешко е да се заклучи дали догодина ќе има предвремени парламентарни избори, но секако ќе се гласа за нов претседател, а владеачката партија ќе има свој кандидат, вели политикологот Соња Стојадиновиќ.

„Пакетите што ги нудат се многу повеќе од очигледни и очигледен начин на купување на гласови од групите кои се веќе гарантиран извор на гласови, тоа се административците и ново вработените административци кои нормално дека се партиски војници со чест на исклучоци и ранливите социјални категории кои едноставно ја гледаат државата како единствен извор на приходи и подготвени сè да направат се тие приходи да им бидат гарантирани.“

Предвидено е зголемување на социјалните надоместоци за пет проценти. Значи ако некој прима помош од 2.000 денари месечно, од март ќе добива 2.100 денари. Тоа го поткрева прашањето дали станува лесно да се купат гласови во Македонија? Стојадиновиќ одговара:

„Да, станува лесно да се купат гласови, затоа што народот е притиснат и доведен до тој степен , па дури и за сто денари повеќе во семејниот буџет, тие ќе климаат со глава и ќе бидат благодарни.“
XS
SM
MD
LG