Достапни линкови

Објавен романот „Ненасловена месечева соната“ на Давор Стојановски


„Ненасловена месечева соната“ е првиот роман на Давор Стојановски, што деновиве како 84-ти наслов во едицијата ПРОаЗА го објави книгоиздателството ИЛИ ИЛИ од Скопје. Станува збор за еден од можеби најперспективните автори на генерацијата писатели која допрва доаѓа и за дело за кое се вели дека го одликува специфична структура која си поигрува со неколку постмодернистички „конвенции“.

Се што постои, пред да постои, создадено е без да постои ќе запише Давор Стојановски на корицата од својот прв роман „Ненасловена месечева соната“, што деновиве како 84-ти наслов во едицијата ПРОаЗА, го објави книгоиздателството ИЛИ ИЛИ.
Видно задоволен од следот на настаните авторот знае да каже дека патот до делото бил навистина долг – од првичната идеја до финалната реализација поминало безмалку цела една декада.
Оваа верзија е и третата верзија што ја напишав и многу сум среќен што не избрзав затоа што со текот на пишувањето и текот на времето сам се учев како се пишува.
Давор Стојановски, писател.

„Оваа верзија е и третата верзија што ја напишав и многу сум среќен што не избрзав затоа што со текот на пишувањето и текот на времето сам се учев како се пишува, како се доаѓа до оној стил за кој што сметам дека е барем до некаде автентичен или каде што можев да се изразам на начин на кој што сакам.“

За објавата се вели дека ја одликува специфична структура, која си поигрува со неколку постмодернистички „конвенции“ и дека во неа се испреплетуваат и се надополнуваат две приказни од два засебни романи. Првата приказна е за несреќен брачен пар, кој по голема лична трагедија посвојува едно напуштено бебе оставен покрај депонија и го вдомува без да го пријави во надлежните институции. Втората приказна, пак, се концентрира на
Дека ќе допре тоа и до читателите за да се уверат луѓето дека постои навистина квалитетна продукција кај нас меѓу овие, да ги наречам млади, односно нова генерација на писатели.
Давор Стојановски, писател.
необичната судбина на начитаниот, талентиран и повлечен Јон, кој чува една голема тајна, и кој е опседнат од девојка што го потсетува на учителката по пијано од детството.

„Сето тоа е меѓусебно поврзано и се поигрува на две рамништа. Едното рамниште би рекол дека е една метафикција, односно зборување за самото дело, а другото рамниште е приказната, односно тие две приказни, тие два романи, кои меѓусебе се поврзуваат и го формираат
срцето на целиот роман.“

Роден на 8 март 1987 година во Скопје, Давор Стојановски дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Како постдипломец ја подготвува магистерската одбрана од областа на Историографската метафикција во македонската книжевност, а пишува во речиси сите литературни форми.

За театарската пиеса „Буна на времињата“ добитник е на наградата „Ана Франк“, како и на откупна награда на дневниот весник „Нова Македонија“ за расказот „Соба со тенки ѕидови – Сонувајќи го Цејлон“ во 2011 година.
„Ненасловена месечева соната“ е неговиот деби роман, а писателот Венко Андоновски во рецензијата за делото ќе забележи дека тоа на повидок изнесува „целосно зрел и оформен автор, кој можеби е еден од најперспективните од една млада генерација која допрва надоаѓа како убав бран“.
Говорејќи токму за тој нов бран на млади автори, писатели со кои и лично другарува, Стојановски вели дека нивното присуство е бележито за последниве пет години и дека тие преку творештвото треба да ја стекнат довербата од читателската публика.

„Се надевам дека сите ќе го зафатат местото што им припаѓа и што го заслужуваат. Дека ќе допре тоа и до читателите за да се уверат луѓето дека постои навистина квалитетна продукција кај нас меѓу овие, да ги наречам млади, односно нова генерација на писатели.“

Од друга страна, Давор Стојановски се занимава и со музика и член е на една од највозбудливите и најквалитетните нови македонски рок групи - „Фулиш грин“. За своето катадневно патување во литературата и во океанот од звуци вели дека работите си течат природно и дека за него е најбитно ништо да не се одвива исфорсирано.

„Почнав многу одамна со музиката паралелно пишувајќи меѓутоа никогаш до сега не сум сметал сериозно ни во едниот ни во другиот медиум. Оваа година некако ми беше најплодна бидејќи со „Фулиш грин“ објавивме албум, а еве сега за ИЛИ ИЛИ ми излезе и романот. Луѓето од уметничката сфера се пронаоѓаат и се наоѓаат, така што сметам дека јас конечно го најдов своето место и во музиката и во литературата.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG