Достапни линкови

Долга серија афери од партиски кујни


Власта не одговара на прашања кои не и се допаѓаат, а наместо одговор тргнуваат во контраофанзива, велат аналитичарите.

Се чини дека граѓаните навикнале на сериите меѓупартиски обвинувања за тоа кој колкав имот поседува и на кој начин го стекнал. Дел од потенцијалните гласачи се делумно заинтересирани за информации за политичарите кои ги претставуваат, но повеќето од граѓаните кои ги прашавме велат дека не се заинтересирани за аферите кои произлегуваат од партиските кујни.
Многу е дегутантно една политичка партија да плати да се открива афера за друга политичка партија. Кога го гледам тоа како гледач добивам желба да не излезам на избори, најискрено.
Анкетиран граѓанин.

„Јас мислам дека народот го интересира во секоја држава.“

„Многу е дегутантно една политичка партија да плати да се открива афера за друга политичка партија. Кога го гледам тоа како гледач добивам желба да не излезам на избори, најискрено.“

Некои од анкетираните пак се сосема незаинтересирани за меѓупартиските препукувања. Велат дека повеќе од тоа ги интересираат прашањата за македонските евроинтеграции, за економијата, за спорт или пак воопшто не гледаат вести.

„Ангажманот за влез во ЕУ, мислам дека тоа е најбитно, а кој колку има тоа е негова работа.“
Мене ми изгледа дека сакаат тука површно да ја држат дебатата на оние пари кои Мијалков може да ги прикаже пред Антикорупциските комисии, мислам дека им е страв дека СДСМ ќе оди малку подлабоко.
Кири Василев, аналитичар.

РСЕ:Не ве интересира на пример колку имот има некој државен функционер?

„Не, не ништо не гледаме, спорт, ништо друго.“

Она што го прави власта е многу јасна кампања чија цел е да ја збунат јавноста оти кога секој секогаш ве лаже, луѓето нема да почнат да веруваат во лагите, туку никој нема да верува во ништо, вели политичкиот аналитичар Кире Василев.

„Се создава атмосфера каде луѓето не моќат да фатат некои релани координаци на кои може да се повикаат, дури и Шеќеринска да ја каже вистината, ВМРО-ДПМНЕ може цело време да лаже, па да се создаде атмосфера дека секој секогаш лаже и никој во ништо да не верува.“

Според политикологот Едмонд Адеми пак серијата обвинувања за имотната состојба на првиот човек
Во овој случај Шеќеринска ги чепнала таму каде што не очекувале дека ќе ги чепне.
Едмонд Адеми, аналитичар.
на УБК, Сашо Мијалков и потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска е веќе видено сценарио ама со други личности. Власта не одговара на прашања кои не и се допаѓаат, а наместо одговор тргнуваат во контраофанзива кон оној кој се осмелил тоа да го праша, вели Адеми.

„Тоа значи дека вие се сметате за недопирливи од една страна, како не можете вие нас да не прашувате, а од друга страна покажува дека власта е длабоко влезена во корупција и криминал.“

Нашите соговорници велат дека ваквата реакција на власта е израз на нервоза и оти истата може да сугерира дека другата страна ја зборува вистината.

„Во овој случај Шеќеринска ги чепнала таму каде што не очекувале дека ќе ги чепне, вели Адеми.

А Василев додава:

„Мене ми изгледа дека сакаат тука површно да ја држат дебатата на оние пари кои Мијалков може да ги прикаже пред Антикорупциските комисии, мислам дека им е страв дека СДСМ ќе оди малку подлабоко и ќе ги најде оние пари за кои никој никогаш нема да зборува и не знае каде се, можеби СДСМ знаат.“

Откако минатата недела Шеќеринска постави пратеничко прашање за тоа како Мијалков го дуплирал своето богатство за 1, 6 милиони евра за само пет години, следуваа лавина реакции од владејаќката партија. ВМРО-ДПМНЕ ја праша пратеничката како за само неколку години купила пет станови во вредност од половина милион евра, а подоцна ја обвинија дека во анкетниот лист не ја навела вилата во Маврово. Шеќеринска порача дека вилата во Маврово била изградена пред таа да стапи во брак и дека нема што да крие.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG