Достапни линкови

Кумановскиот „Водовод“ ќе ги надминува проблемите


Macedonia - Kumanovo local water supply company "Vodovod"
Macedonia - Kumanovo local water supply company "Vodovod"

Кумановското локално комунално претпријатие за водоснабдување „Водовод“ повеќе од една деценија се соочува со финансиски проблеми и со низа други пречки.

Кумановското локално комунално претпријатие за водоснабдување „Водовод“ повеќе од една деценија се соочува со финансиски проблеми, со долгови кон ЈП „Водостопанство -Кумановско-Липковско Поле“,со ненаплатени сметки од граѓаните, со стара и во некои делови и од турското време водоводна мрежа, со оптимално и до десет дефекти дневно, со недоволни средства за функционирање на пречистителната станица за отпадни води,единствена од таков вид во државава, вели новоназначениот вд директор Горан Стојковски.
Од вкупниот приход на едно три до-четири члено семејство сметката за вода не е ни два процента, а за мобилен телефон е од 15 до 20 отсто. Секое семејство последната сметка за мобилниот телефон ја има платено, а од вкупното население 32 насто ја има платено сметката за вода.
Горан Стојковски, директор на кумановското комунално претпријатие за водоснабдување „Водовод“.

Затоа според него раководниот тим, локалната самоуправа и вработените се фаќаат во костец со надминување на сите проблеми, при тоа приоритетот ставајќи го на нормалното водоснабдување на граѓаните. Процесот ќе биде долг и тежок, но Стојковски вели дека и покрај се со ред, работа, дисциплина, согласно законите, но и со првичното разбирање од сите надлежни институции претпријатието ќе настојува да се извлече со позитивни резултати.

Горан Стојковски.
Горан Стојковски.
Што се однесува до наплатата на потрошената вода Стојковски аргументирано објаснува:

„Од вкупниот приход на едно три до-четири члено семејство сметката за вода не е ни два процента, а за мобилен телефон е од 15 до 20 отсто. Секое семејство последната сметка за мобилниот телефон ја има платено, а од вкупното население 32 насто ја има платено сметката за вода. Очигледно кај нашите луѓе врската за почитување на благодетот на
ЈП „Водовод“ во наредниот период нема да дава никакви донации, спонзорства, или било какви начини за одлевање средства од претпријатието, освен за надминување на проблемите со водоснабдувањето на граѓаните.
Горан Стојковски.
водата не постои. За два месеца го зголемивме фактурирањето за еден милион ипол према физички и за околу 200 илјади денари кон правни лица. За жал физичките лица помалку плаќаат.“

За надминување на овој проблем во тек е акција за читање на водомерите. Иако екипите наидуваат на добро прифаќање од граѓаните загрижувачко е тоа што на досега контролираните 2.400 броила разликата во пари е околу 55 илјади евра.

„Сметаме на 30 илјади броила во Куманово, доколку продолжи со оваа прогресија ќе откриеме уште едно Липковско езеро под Куманово.“

Претпријатието е во надлежност на Општината, која е под финансиска блокада поради судски спор од 1973-та година за некоја нива, за сума од еден ипол милион евра, а според Стојковски таа е и под голем притисок од централната власт. И ако државата е средно задолжена и „Водовод“ е средно задолжено претпријатие.

„Разликата е во тоа што централната власт може да земе кредити, а ниту општината, ниту „Водовод“ не можат да земат кредити, за кои гарант би била РМ. Ние од март годинава работиме со нужни средства во износ од десет милиони и 200 илјади денари со кои треба да ги задоволиме сите услуги и потреби на градот, не само со снабдување со вода, туку и со сите дефекти кои секојдневно се од пет до десет. А во градот се случува урбан бум како во однос на станбени така и на стопански објетки.“

Претпријатието работи со нужни средства и поради блокада од „Водостопанство“ за неплатени сметки од 2001-та година.

„Проблемот за жал е политички. „Водостопанство- Кумановско Липковско Поле“ цената на сирова вода од еден ипол денари ја зголеми на 5,2 денари, а цената за наплата кон граѓаните е непроменета. Двете претпријатија завршија на суд, а за судството не сакам да коментирам. Меѓутоа, одборот на водокорисници согласно Законот за водоснабдување ја формира цената на сирова вода без претставник на „Водовод“ кој е најголем корисник на водата. Приоритет за градење на Липковска брана е водоснабдување на градот Куманово. Со тоа и водоснабдувањето на градот е ставено во прв план и може да биде крупен проблем на кој ние постојано укажуваме.“

Вториот голем проблем на ова претпријатие е и функционирањето на пречистителната станица на отпадни води изградена според МЕАП програмата. Стојковски додава дека дури и Скопје отпадните води непречистени ги испушта директно во реката Вардар.

„Пречистителната станица е во интерес на сите граѓани на РМ, пред се од еколошки план. Месечните сметки само за електрична енергија ни се околу 800 илјади денари,да не зборуваме за хемикалии и други средства потребни за нејзино работење.“

За овозможување на работа на станицата залудни се сите барања од „Водовод“ за помош од надлежните во државава.Според Стојковски тоа излегува дека „Водовод“ е единствен загрижен за еколошката состојба во РМ.
Тој додава дека од 10 милиони и 200 илјади денари,за работа на претпријатието откако ќе се исплатат платите на вработените остануваат само два милиона и 300 илјади денари за сите останати потреби. Но, кумановската јавност постојано реагира дека претпријатието меѓу другите се соочува и со проблемот на партиската превработеност.

РСЕ: Имате ли превработеност?

„Обично се зборува дека има превработеност. Но, со новата систематизација согласно Законот за јавни службеници ние ќе имаме потреба за вработување нови луѓе и во оператива и во мрежа. За жал немаме средства за тие луѓе.“

Во „Водовод“ на неодредено време се вработени 240,а времено 40. За оптимално работење ќе бидат потребни уште 30- ина работници во техничката служба.

Ако за ова локално јавно претпријатие јавна тајна беше одлевање средства за други намени Стојковски вели дека изминатите два месеца за репрезентација се потрошени нула денари и објаснува:

„По претходна консулатција со градоначаникот инсистиравме и донесовме одлука дека ЈП „Водовод“ во наредниот период нема да дава никакви донации, спонзорства, или било какви начини за одлевање средства од претпријатието, освен за надминување на проблемите со водоснабдувањето на граѓаните.“

А кумановци кои реагираат само доколку останат без вода кога не се штедливи во своите критики, во овој период „немаат време“ да мислат на проблемот со водоснабдувањето.

„Не знам. Не ме интересира. Не ми е јасно.“

„Јас си имам мои проблеми и воопшто не размислувам за тоа.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG