Достапни линкови

Колоритот на есента на Афердита Кики во Чифте амам


Афердита Кика, сликарка.
Афердита Кика, сликарка.

Сeдумнаесет дела кои нудат кои нудат лирска разиграност и синтеза на современото и традиционалното се претставени на ликовната изложба „Есен“ на уметницата Афердита Кики, што од 21 октомври до 4 ноември, се одвива во Националната галерија на Македонија – објект Чифте амам. Ова е нејзина седма самостојна постановка и доаѓа по успешното септемвриско претставување во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија.

Уметноста што ја создава Афердита Кики плени со силната потреба за ликовно изразување. Едноставно, поседува свој свет на слобода. Со одредени комбинации на линии, боја, јазли, нишки, реси и облици ангажира директно, но и посредно. Кики е уметница со неверојатно изразени фактори на креативност, способност да апсорбира, способност да преобликува, да расчленува и да апстрахира. Оригинална во изразот и сензибилна во забележувањето, нè импресионира со креативната мисла и продлабочената емоционалност; бележења на непредвидливи физички и емоционални активности - апсорбирани чувства и емоции.
Седумнаесетте слики што се изложени се инспирирани од колоритот на есента. Техниката што ја користам е акрил и притоа во оформувањето на секоја поединечна творба посегам по стари материјали.
Афердита Кики, сликарка.

Ова ќе го забележи Љупчо Маленко во каталогот за изложбата „Есен“ на академската сликарка Афердита Кики, што од 21 октомври до 4 ноември, се одвива во Националната галерија на Македонија – во објектот Чифте Амам. Постановката нуди дела во кои, како што потенцира кустосот, уметницата трагајќи по праисконското, запловува во свет на мисловна ангажираност за да предизвика ликовна возбуда и естетска радост.

„Седумнаесетте слики што се изложени се инспирирани од колоритот на есента. Техниката што ја користам е акрил и притоа во оформувањето на секоја поединечна творба посегам по стари материјали. Како основа за ликовното дело користам стари врати, кори од дрво, пилевина, коноп... “, знае да рече уметницата.
Тоа и ден денес ме преокупира иако сум длабоко навлезена во сликарството. Некако паралелно ги носам во себе овие две работи – сликарството и шиењето, всушност дизајнот.
Афердита Кики, сликарка.

Родена на 19 јули 1971 година во германскиот град Лора, Афердита Кики дипломирала на Факултетот за ликовна уметност, отсек сликарство во класата на професор Тахир Емра. Сем во Скопје, Струга и во Тетово, самостојно се претставувала во Македонскиот културен центар во Њујорк (2005) и неодамна во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, а во 2007 година беше на студијски престој во Cite Internacionale des Arts во Париз. Зад себе има голем број на групни изложби и колонии во земјава и во странство, работела и костими за неколку театарски
претстави во Албанскиот театар, сценографија за филмот „Позади темнината“, а добитник е и на наградата Вулкан на невладината организација Полио плус за придонес и промоција на правата и положбата на лицата со посебни потреби.

Кики, повеќе години живее и твори во Скопје, а трепетлива каква што е по природа, претпочита за неа и за нејзиното творештво да говорат само нејзините дела. Вели дека твори препуштајќи и се на музиката, дека само тогаш четките молкум и ги следат мислите и дека најсреќна е кога самува и се бори со себе во нејзиното атеље.

„Како мала постојано ја гледав мајка ми како шие, а таа е добра шивачка. Ова многу ме интересираше и постојано анализирав како луѓето се облекуваат, што ги интересира, дали се складни парчињата облека што ги носат...Тоа и ден денес ме преокупира иако сум длабоко навлезена во сликарството. Некако паралелно ги носам во себе овие две работи – сликарството и шиењето, всушност дизајнот. “

Кон ова само уште информацијата дека самостојната изложба на асамблажи и колажи „Есен“ на Афердита Кики, првично успешно беше претставена во Софија, а по завршувањето во скопскиот Чифте амам, ќе го продолжи сопственото патешествие во уште неколку градови од земјава.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG