Достапни линкови

За власта извештајот е добар, за опозицијата нотира уназадување


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Власта и опозицијата кршат копја околу тоа дали е позитивен или негативен извештајот на Европската комисија за напредокот на македонските евроинтеграции.

Еврокомесарот Штефан Филе препорачува да не се губи време и да има придвижување напред, евроамбасадорот Аиво Орав вели дека клучен збор е имплементација на реформите, а власта и опозицијата кршат копја околу тоа дали е позитивен или негативен извештајот на Европската комисија за напредокот на македонските евроинтеграции.
Изнесените оценки, забелешки и препораки, како и досега, ќе претставуваат патоказ за идните активности на владата во пристапниот процес, а тие ќе бидат преточени во конкретни мерки при редовното годишно ажурирање на националната програма за усвојување на правото на ЕУ.
Никола Груевски, премиер.

Премиерот Никола Груевски очекува земјите членки на Европската унија да донесат одлука за почеток на пристапните приговори за Македонија по петтата по ред обновена препорака на Комисијата.

„Изнесените оценки, забелешки и препораки, како и досега, ќе претставуваат патоказ за идните активности на владата во пристапниот процес, а тие ќе бидат преточени во конкретни мерки при редовното годишно ажурирање на националната програма за усвојување на правото на ЕУ“, изјави Груевски.

Премиерот ја повика соседна Грција да го подржи донесувањето на одлуката за Македонија на декемврискиот европски совет.
ЕК експлицитно бара поголемо одвојување на државата од партиите. Претпоставуваме дека ако една партија е на власт седум години, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, претпоставуваме дека тоа не се однесува на СДСМ, туку целата оваа сраснатост меѓу администрацијата и власта и партијата ВМРО-ДПМНЕ, овде според нас е на тапет.
Гордан Георгиев, СДСМ.

„И на тој начин директно да придонесе во евроинтеграцискиот моментум на Балканот. Посакуваме нашата прва меѓувладина конференција за пристапните преговори да се одржи за време на грчкото претседателство со ЕУ“, изјави Груевски.

Опозицијата има спротивно гледиште за извештајот. Додека од владеачката партија сметаат дека извештајот е морална победа, пратеникот на СДСМ Гордан Георгиев забележува дека повторно се потенцира уназадување во поглед на владеењето на правото и слободата на изразување.

„Третата работа која што може да се истакне е дека ЕК експлицитно бара поголемо одвојување на државата од партиите. Претпоставуваме дека ако една партија е на власт седум години, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, претпоставуваме дека тоа не се однесува на СДСМ, туку целата оваа сраснатост меѓу администрацијата и власта и партијата ВМРО-ДПМНЕ, овде според нас е на тапет“, вели Георгиев.

Пратеникот Горан Мисовски од опозициската НСДП вели дека Македонија доби нов услов а тоа е воведување на медиумска култура.

„Затоа што репутацијата на државата во делот на јакнењето во делот на слободата на изразување и слободата на говорот е влошена. ЕК укажува дека затворањето на различни медиуми доведе до редуцирање на различноста на мислењата што треба да им се претстават на граѓаните“, вели Мисовски.

Коалицискиот партнер во власта ДУИ соопшти дека одлуката на Комисијата трева да се прифати како силен поттик за понатамошно интензивно реализирање на потребните реформи, „но најбитно како поддршка за што е можно поскоро решавање на прашањето со името“.
XS
SM
MD
LG