Достапни линкови

Кери: Добар почеток со Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на разговараа на маргините на економскиот самит во Бали, Индонезија. Според Кери, вчерашниот старт на уништувањето на хемиското оружје во Сирија е добар почеток.

Американскиот државен секретар Џон Кери оцени дека сиријскиот режим на претседателот Башар ал Асад заслужува пофалба за почитувањето на договорот кој минатиот месец го постигна со неговиот руски колега Сергеј Лавров.
Се согласивме повторно дека не постои воена солуција за ова прашање. Ние сме заинтресирани да нема екстремисти на двете страни кои би можело да имаат поголем статус или позиција во Сирија. Тоа е причината зошто повторно се заложивме за придвижување на процесот во Женева што е можно побрзо.
Џон Кери, државен секретар на САД.

Врз основа на тој договор, Советот за безбедност на Обединетите нации на 28 септември усвои резолуција која бара елиминирање на сириското хемиско оружје и поддршка на планот за политичка транзиција во земјата.

„Не е незначајно тоа што само за неколку дена од донесувањето на оваа резолуција во Њујорк, инспекторите се во Сирија и веќе започнаа да го уништуваат хемиско оружје. Тоа всушност започна вчера кога беа уништени проектили, боеви глави и други инструменти“, рече Кери.

Тој додаде дека со тоа Асад не се извлекол од незгодната ситуација и оти и натаму треба да ги почитува барањата содржани во резолуцијата.
Не е незначајно тоа што само за неколку дена од донесувањето на оваа резолуција во Њујорк, инспекторите се во Сирија и веќе започнаа да го уништуваат хемиско оружје. Тоа всушност започна вчера кога беа уништени проектили, боеви глави и други инструменти.
Џон Кери, државен секретар на САД.

Кери вели дека заедно со Лавров се согласиле што е можно поскоро да биде утврден датумот за одржување мировна конференција за Сирија.

„Се согласивме повторно дека не постои воена солуција за ова прашање. Ние сме заинтресирани да нема екстремисти на двете страни кои би можело да имаат поголем статус или позиција во Сирија. Тоа е причината зошто повторно се заложивме за придвижување на процесот во Женева што е можно побрзо“, изјави Кери.

Лавров од своја страна додаде дека Русија ќе стори се што е неопходно да обезбеди Асад да дејствува во рамките на резолуцијата на Обединетите нации за уништување на хемиското оружје.

Експерти на Организацијата за забрана на хемиското оружје вчера надгледуваа како Сиријците уништувале боеви глави, воздушни бомби и друг материјал. Оваа организација соопшти дека процесот на уништување ќе се спроведува и во наредните денови.
претседателот Башар ал Асад
претседателот Башар ал Асад

Во интервју за домашните медиуми, претседателот Башар ал Асад изјави дека сирискиот режим почнал да произведува хемиско оружје во осумдесетите години од минатиот век со цел, како што рече, да го пополни техничкиот јаз во традиционалното вооружување меѓу Сирија и Израел.

Сирија се согласи да го елиминира хемиското оружје откако Вашингтон се закани со воена акција како одговор на нападот со отровен гас сарин во едно предградие на Дамаск на 21 август годинава.

Според некои наводи, притоа загинале илјада и четиристотини луѓе. Двете стани во сиријскиот конфликт, бунтовниците и режимот, меѓусебно се обвинуваат за овој напад.

Се проценува дека Сирија има илјада тони боеви отрови, а меѓународните инспектори треба до 1 ноември годинава да елиминираат секаква можност режимот на Асад и натаму да произведува хемиско оружје.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG