Достапни линкови

Животниот стандард најголем проблем и по 22 години самостојност


Економијата, невработеност и сиромаштија се главните проблеми во Македонија и по 22 години од прогласувањето на независноста, сметаат граѓаните.

Истите проблеми веќе две децении. Граѓаните кои ги анкетиравме за рубриката „Хајд парк“ на нашата интернет страница сметаат дека од независноста до денес најпроблематични се економијата и политичкиот дијалог.
Економските проблеми се основни, огромен број на невработени, тоа предизвикува миграции, особено на младото население и политичките проблеми.
Анкетиран граѓанин.

„Економските проблеми се основни, огромен број на невработени, тоа предизвикува миграции, особено на младото население и политичките проблеми.“

„Секој млад усовршен кадар бега надвор од државата. Тие што се решаваат да останат се експлоатирани.“

„Економијата. Требаше повеќе да се вложува во индустрија, сточарство, земјоделие, ние сме аграрна држава, и туризам“, велат анкетираните граѓани.

Дел од граѓаните имаат и конкретни забелешки:

„Највеќе во државата ме засега здравството зашто боледувам од хронична леукемија и лекот не ни го даваат. Прво ни го дадоа, а потоа ни го зедоа. Јас сега сум толку растрчана, трчам низ сите држави, барам милост да ми се даде некој лек и приморана сум да вадам пасош од други земји за да може да се пробијам во Европа. Тоа е мојот најголем проблем“, вели една граѓанка.
Хајд Парк - Исти проблеми по 22 години независност
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00
Политикологот Здравко Савески вели дека дел од проблемите се стари, додека други се новоформирани.
Социјалната заштита на населението е многу лоша и практично се уриваат темелните принципи на Уставот на Република Македонија кој вели дека Македонија е социјална држава.
Здравко Савески, универзитетски професор.

„Сиромаштијата драстично се продлабочи во последните години, понатаму се јави проблемот со здравствената заштита, еден проблем кој во деведесетите години не беше проблем, социјалната заштита на населението е многу лоша и практично се уриваат темелните принципи на Уставот на Република Македонија кој вели дека Македонија е социјална држава“, вели Савески.

Потребно е да се доведат во прашање економските принципи кои создаваат огромна класна разлика во Македонија, вели Савески, повикувајќи се на истражувања кои покажуваат дека разликите во стандардот во земјава се најголеми во Европа и земјите од поранешниот Советски Сојуз.

„Период од повеќе од 20 години се доволно долг период за може да се каже дека одредена економска политика успеала или не. Во случајот, доста погрешна економска политика води Република Македонија од гледна точна на мнозинството од населението, а од гледна точка на богатото малцинство води многу поволна економска политика“, вели Савески.
XS
SM
MD
LG