Достапни линкови

Aмериканска донација за болницата „8-ми Септември“


САД донираа половина милион долари за болницата „8-ми Септември“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:13 0:00

САД донираа половина милион долари за болницата „8-ми Септември“

Во Градската општа болница „8 Септември“ денеска почнаа градежните работи на реновирање и доизградба на две операциски сали. Вредноста на проектот е 450 илјади долари, а средствата во вид на донација се обезбедни од Европската команда на Армијата на САД.

Речиси половина милион долари изнесува американската донација за реновирање на македонската општа градска болница „8-ми Септември“. Американскиот амбасадор во Скопје Пол Волерс, заедно со директорот на болницата Сашо Стојчев и министерот за здравство Никола Тодоров, го означи почетокот на реновирањето. Парите е планирано да се потрошат за изградба на две операциони сали во дежурната служба во болницата.
И понатаму продолжуваме да помагаме во реновирањето на училишта, донираме опрема, со што ќе се подобрат условите за учење на најмалите граѓани на Македонија, очекуваме исто така да имаме и следни проекти за реновирање на болници и училишта и мислам дека тоа е доволен доказ за нашата заложба за пријателство кое што го имаме со Македонија.
Пол Волерс, американски амбасадор во Македонија.

Донацијата доаѓа од европската команда на американската војска. Волерс изјави дека, иако сите живееме во време кога буџетите се помали, но американската амбасада останува на силната заложба да соработува со македонските институции.

„И понатаму продолжуваме да помагаме во реновирањето на училишта, донираме опрема, со што ќе се подобрат условите за учење на најмалите граѓани на Македонија, очекуваме исто така да имаме и следни проекти за реновирање на болници и училишта и мислам дека тоа е доволен доказ за нашата заложба за пријателство кое што го имаме со Македонија.“

Стојчев очекува дека со ова реновирање ќе се подобри квалитетот на здравствените услуги во болницата.

„Со овие средства ќе можат да се направат две најсовремени операциони сали, за општа хирургија од 33 метри квадратни и трауматолошко-ортопедска од 37 метри квадратни со сите неопходни придружни простории.“

Министерот за здравство Никола Тодоров изјави дека болницата „8-ми Септември“ во изминатиов период бележи раст на приемот на пациенти.

„Болницата има континуиран раст на бројот на пациенти што само по себе говори за интересот на граѓаните да добиваат услуги токму во оваа здравствена институција. Иако Градската општа болница „8 Септември“ е болница на градот Скопје таа сериозно ги има надминато границите на градот Скопје и дава здравствени услуги на пациенти практично од целата држава“, рече Тодоров.
XS
SM
MD
LG