Достапни линкови

Провокативните лондонски „Спортски игри“ на Охридско лето


„Спортски игри“ е насловена претставата на лондонскиот „Џаст а маст тиатар“ што ќе биде прикажана утревечер (среда 24 јули) од 21 часот, во дворот на ОУ „Климент Охридски“ во рамките на 53 издание на фестивалот „Охридско лето“. Станува збор за временско истражување на темната страна на животните игри испреплетени со конкурентската борба на австриската нобеловка Елфриде Јеринек што го режираше Хрватката Ванда Бутковиќ.

Работена според текстот од 1998 година на австриската нобеловка, новелистка, поетеса и драмска писателка Елфриде Јелинек, „Спортски игри“ е провокативна претстава во која се истражува врската помеѓу спортот, национализмот и насилството и самосвоен опис на човечката опседнатост со изгледот и неуморниот спортски дух.
Кога се одлучуваше што ќе се крати од обемниот текст на Јелинек, затоа што доаѓам од Хрватска, мене лично како на режисерка ми беше битно како мотив да остане војната во поранешна Југославија. Се разбира притоа ние во претставата ја ставивме и Олимпијадата и идејата за спортот како насилство, всушност нејзината главна инспирација.
Ванда Бутковиќ, режисерка.

Делото е инспирирано од случувањата во поранешна Југославија. Директен повод за неговото настанување е прекинатиот фудбалски натпревар помеѓу загребски „Динамо“ и белградска „Црвена ѕвезда“ на Максимир на кој до израз дојдоа меѓусебните провокации и омразата на двете навивачки групи и кој подоцна ќе се смета за предвесник на крвавата војна што ја зафати државата.
Ванда Бутковиќ режисерка од Хрватска.
Ванда Бутковиќ режисерка од Хрватска.

Ова инаку е третата и најуспешна продукција на независниот „Џаст а маст тиатар“ кој е формиран во 2009 година и чие прво седумчасовно читање на текстот се случило во Вестенд, најтеатарскиот дел на британската метропола, за да потем трупата го претстави и на минатогодишната Културна олимпијада во Лондон.

„Кога се одлучуваше што ќе се крати од обемниот текст на Јелинек, затоа што доаѓам од Хрватска, мене лично како на режисерка ми беше битно како мотив да остане војната во поранешна Југославија. Се разбира
На текстот работевме околу седум недели и во основа целиот процес на креација на претставата се потпираше на идејата на Ванда да истражуваме, да ја уживаме слободата на креација. Така и ги откривме раскошниот јазик на пишување, неконвенционалноста и страственоста на драмскиот ракопис на автор како Јелинек.
Мет Реј-Браун, актер.
притоа ние во претставата ја ставивме и Олимпијадата и идејата за спортот како насилство, всушност нејзината главна инспирација. Се обидовме да покажеме дека нобеловката ги изедначува енергијата и насилството на фудбалските терени со енергијата и насилствата при една офанзива во војна. Мене, повторувам, ми беше исклучително важно да останат деловите од текстот во кои се говори за настаните во Југославија, во Босна, во Сребреница“, истакнува Ванда Бутковиќ.

Таа дополнува дека во договор со драматургот Карен Јурс Мумби тоа и го сториле, но дека притоа го вклучиле духот на олимпизмот бидејќи зад проектот застанала Австриската амбасада во Велика Британија и тој станал дел од културната понуда за време на Летните олимписки игри.

За претставата угледниот „Тајмс“ ќе напише дека е тоа „олимписки напор за игра на испреплетена режија“ и дека таа „изобилува со саркастичен британски хумор и инспиративен сценски дизајн“.

Во „Спортски игри“ настапуваат седум актери (Мајкл Кол, Нина Хетчвел, Денис Хајнрих Лејн, Том Лијал, Мет Реј-Браун, Делија Реми и Џорџио Спиџфилд) кои што се претставници на типичната англиска школа, исклучително физички подготвени, но кои безмалку како балканци ги доживуваат неверојатно емотивните сцени во претставата што ги потпишува Бутковиќ.

„На текстот работевме околу седум недели и во основа целиот процес на креација на претставата се потпираше на идејата на Ванда да истражуваме, да ја уживаме слободата на креација. Така и ги откривме раскошниот јазик на пишување, неконвенционалноста и страственоста на драмскиот ракопис на автор како Јелинек“, забележува Мет Реј-Браун.

Автор на сценографијата и видео дизајнот е Французинот Сајмон Донгер кој одлучил актерите играјќи да моделираат во разни форми 150 кг. сунгер на сцена, костимограф е Мени Курмпети, светлото е на Ана Вајлар, а вокалист е Адриен Смук.

Инаку, „Спортски игри“ пред доаѓањето на „Охридско лето“ беше прикажувана во Јордан, Палестина, Алжир, Франција...и во други земји, наскоро ќе ја види и публиката во Барселона – Шпанија, a потем независниот „Џаст а маст тиатар“ патува во Јужна Америка.
XS
SM
MD
LG