Достапни линкови

Казни за „диво“ сместување на туристи во Охрид


Празен булеварот Туристичка во Охрид.
Празен булеварот Туристичка во Охрид.

Десеттина станоиздавачи во Охрид се казнети со по 700 евра во координирана акција на Пазарниот инспекторат со Секторот за туризам во општина Охрид и полицијата.

Казните од 700 евра кои Пазарниот инспекторат од Охрид деновиве ги изрече на десеттина станоиздавачи во координирана акција со Секторот за туризам во општината и полицијата го испразни главниот охридски булевар Туристичка, каде овие луѓе со години наназад во текот на летото чекаа туристи. Тие се револтирани од односот на надлежните институции, како и од висината на казните. Велат, нека државата ни обезбеди работа, па нема да се занимаваме со оваа дејност.
Не е фер ова што го прават. Не знам зошто во една ноќ мора сè да се замени. Јас не бев овде кога ја спроведувале акцијата, кога неколку луѓе беа казнети и затоа мора да преземеме нешто. Минатите години немавме вакви проблеми. Нека ми дадат работа, нема да стојам на улица. Од што ќе живее народот? Дваесет години се занимавам со туризам и сега одеднаш сакаат да сменат нешто.
Станоиздавач во Охрид.

„Не е фер ова што го прават. Не знам зошто во една ноќ мора сè да се замени. Јас не бев овде кога ја спроведувале акцијата, кога неколку луѓе беа казнети и затоа мора да преземеме нешто. Минатите години немавме вакви проблеми. Нека ми дадат работа, нема да стојам на улица. Од што ќе живее народот? Дваесет години се занимавам со туризам и сега одеднаш сакаат да сменат нешто. Се намали бројот на чекачите и се плашат да излезат“, вели еден станоиздавач.
Илустрација.
Илустрација.

Глоби од 700 евра заработија и три диви туристички агенции и пет посредувачи во приватно сместување, рече Ѓорѓи Бошалевски, раководител на пазарниот инспекторат во Охрид. Бошалевски вели дека немало никакви реакции од станоиздавачите.
Сметаме дека со ова веќе имаме резултати на терен, и сликата на градските улици е драстично променета, не е целосно искоренета ваквата појава, бидејќи за тоа ќе треба време и повеќе работа. Со самите активности се дава до знаење дека идејата не ни е да ги спречиме луѓето да работат, туку да работат според законските прописи.
Ѓоко Апостолов, раководител на општинскиот сектор за туризам.

„Нема реакции од нивна страна бидејќи сите знаат како треба да оди сместувањето. Во досегашниот период немавме соработка со претходната локална самоуправа. Со доаѓањето на новата локална гарнитура, почнавме да имаме соработка, а досега немавме соработка и секој од инспекторите работеше посебно. Почнуваме да го променуваме имиџот на Охрид и ќе продолжиме континуирано да ги спроведуваме овие акции“, вели Бошалевски.

Според законот, сместувањето треба да се врши исклучиво преку туристички агенции, но станоиздавачите велат дека преку агенциите минатите години сместиле незначителен број на туристи.

Ѓоко Апостолов, раководител на општинскиот сектор за туризам, рече дека идејата им била да го средат хаосот кој во Охрид бил присутен во однос на издавањето на соби за туристи.

„Сметаме дека со ова веќе имаме резултати на терен, и сликата на градските улици е драстично променета, не е целосно искоренета ваквата појава, бидејќи за тоа ќе треба време и повеќе работа. Со самите активности се дава до знаење дека идејата не ни е да ги спречиме луѓето да работат, туку да работат според законските прописи“, рече Апостолов.

Во Охрид, според надлежните, сè уште е голем бројот на станови во кои се сместуваат туристите, а кои не се пријавени како такви.

„Пазарниот инспекторат како носител на оваа акација не застанува тука и ќе продолжиме со контролите. Сите оние лица кои ќе ги затекнеме како извршуваат незаконски активности ќе бидат казнети“, категоричен е началникот на пазарниот инспекторат Бошалески.
XS
SM
MD
LG