Достапни линкови

Дипломатските работи најкоментирани


Текстовите посветени на дипломатијата и на водењето на надворешната политика, се најкоментирани текстови на нашата интернет страница.

Дека нашиот народ се разбира ама баш од сè, доказ се коментарите по нашиот текст дека „Дипломатијата е занает, а не одморалиште“. Редовниот МК Обсервер авторитетно оценува дека со децении наназад македонската дипломатија се базира исклучиво, како што вели, ,,на малокалибарски авторитети какви што се интервјуираните во текстот“ (мисли на амбасадорите Ружин и Зашов).
Во МНР не се почитуваат законските процедури за вработување и стекнување со звање дипломат.
Коментар на читател.

„Немаат основно познавање на ниту еден странски јазик освен јужнословенските“, пишува тој, како добар познавач на дипломатите и на дипломатските работи. Одговарајќи му на Заро, кој е на мислење дека во МНР не се почитуваат законските процедури за вработување и стекнување со звање дипломат,
истиот Обсервер препорачува да се престане со мистифицирање на МНР под превезот на некакви „законски процедури за вработување“, затоа што токму тие, биле причина зошто не се успева да се обезбеди квалитет во македонската дипломатија.
Со децении наназад македонската дипломатија се базира исклучиво на малокалибарски авторитети.
Коментар на читател.

Исто така редовниот МКД ги разбира работите околу Чеченија: тој, имено, смета дека Чеченците би живееле полошо ако се независни зашто, пред сè, користат евтина енергија од Русија. Незабеган иронично му порачува на МКД, како на докажан, како што пишува „портокалов скептик за НАТО и ЕУ“, дека се согласува со него Чеченија да си отиде од мајка Русија, а РМ да влезе во нејзиниот состав, и во мајчината прегратка... Бидејќи не одиме за
никаде, а камоли за во НАТО или ЕУ, сметам дека е ред да одиме во мајка Русија. Така нема да бркаме инвестиции со родео-шоуата, како што подбивно пишува, Русите веднаш ќе инвестираат во својата провинција, ќе имаме помали плати, ќе јадеме помалку, ама ќе се грееме
Редно е да се надминеме себеси и да прифатиме едно вакво решение, со што на Европа ќе ѝ покажеме дека сме конструктивни.
Коментар на читател.
со руските енергенси до бесвест! И потоа следи „мала“ полемика со забележлива иронија и зборови со преносно значење помеѓу двајцата колку чинеле бензинот и струјата во Русија, па Незабеган не ја пиел нафтата што ја сервира оваа ,,портокалова“ влада, итн, итн...

Во врска со текстот „Партиите воздржани околу Горна Македонија“ редовниот Миле од Охрид по којзнае кој пат го обвинува Радио Слободна Европа за „интензивирање на пропагандата за подгревање на тензиите во РМ и сеење раздор меѓу Македонците“. Денис е за проактивна политика: „треба да се размислува за ова“, пишува Денис, „а јас сум 1000% сигурен дека Грција нема да прифати никакво решение со името Македонија во него. Редно е да се надминеме себеси и да прифатиме едно вакво решение, со што на Европа ќе ѝ покажеме дека сме конструктивни... Да им го дадеме она што го бараат од нас, па да видиме дали се способни да играат по наше“, завршува Денис од Македонија. Од друга страна, Анонимен смета дека не смееме да прифатиме ниту да се разговара на темата име, а камоли да прифатиме или самите да предложиме промена на името.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG