Достапни линкови

Шаренило во имотно-правната состојба на пензионерските домови


И покрај тоа што постои законска рамка за имотно-правната позиција на домовите на пензионерите во Република Македонија, сепак досега нивната положба е различна.

И покрај тоа што постои законска рамка за имотно-правната позиција на домовите на пензионерите во Република Македонија, сепак досега нивната положба е различна. Некои од овие домови се под државна капа, додека други сè уште се раководат од страна на здруженијата на пензионерите и тоа мошне успешно.
Нашите разговори со Владата се во насока на изнаоѓање на јавно–приватно партнерство со цел да опстанат како домовите на пензионерите, така и старечките домови. Наш став е домовите да бидат под закрила на пензионерите. Но, ако има проблеми во некои од нив, тие да добијат поддршка и од државата. Таков е случајот со домовите на пензионерите во Скопје, Автокоманда, Ѓорче Петров и други.
Драги Аргировски, претседател на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.

Според актуелното раководство на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, треба да се овозможи опстанок како на домовите на пензионерите така и на старечките домови во земјава. Луѓето кои се во третото доба имаат потреба и за едните и за другите институции. Претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија Драги Аргировски за Радио Слободна Европа го изнесува ставот на Сојузот со цел да се надминат одредени проблеми во однос на решенијата кои се нудат со законските норми за имотно-правните односи за домовите на пензионерите, кои не се прифатливи во дел на здруженијата на пензионерите во внатрешноста.

„Нашите разговори со Владата се во насока на изнаоѓање на јавно–приватно партнерство со цел да опстанат како домовите на пензионерите, така и старечките домови. Наш став е домовите да бидат под закрила на пензионерите. Но, ако има проблеми во некои од нив, тие да добијат поддршка и од државата. Таков е случајот со домовите на пензионерите во Скопје, Автокоманда, Ѓорче Петров и др.“

Во катастарската документација домот на пензионерите на Дебар по законот кој е донесен во времето кога премиер беше Љубчо Георгиевски се води како тој да е од државата, но ние имаме комплетна документација и сме докажале повеќе пати дека домот е сопственост на здружението на пензионерите на Дебар. Ние сме подготвени тоа да го докажеме ако треба и на суд.
Бесник Поцеста, претседател на дебарското здружение на пензионерите.
Има домови на пензионери во Македонија кои целосно и многу успешно се менаџираат од страна на здруженијата. Така е и во Дебар. Претседателот на дебарското здружение на пензионерите Бесник Поцеста смета дека постојната документација што ја поседува здружението покажува дека домот на пензионерите, каде што има и соби за сместување на стари и изнемоштени лица, е во сопственост на здружението. Според него, дебарските пензионери се подготвени имотно-правните односи да га бараат и на суд.

„Во катастарската документација домот на пензионерите на Дебар по законот кој е донесен во времето кога премиер беше Љубчо Георгиевски се води како тој да е од државата, но ние имаме комплетна документација и сме докажале повеќе пати дека домот е сопственост на здружението на пензионерите на Дебар. Ние сме подготвени тоа да го докажеме ако треба и на суд.“

РСЕ: Како работи финансиски домот на пензионерите во Дебар?

„Досега домот финансиски работи мошне добро и не сме имале никакви загуби.“

Според податоците на поголемиот број на здруженија на пензионери во Македонија, постои способност и доволен капитал овие домови кои им служат на пензионерите успешно да се менаџираат од страна на раководствата на здруженијата.

Сепак стои и фактот дека во Дебарското здружение информираат и за отворените проблеми на домот кога е во прашање неговата легализацијата. Проблемот е во сопственоста на земјиштето каде што е изграден објектот.

Поради овие проблеми веќе се преземени активности од страна на здруженијата за барање решенија, за што е побарана и поддршка од локалните власти. Пензионерите оценуваат дека овие објекти се градени со средства на пензионерите и тие само ним им припаѓаат.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG