Достапни линкови

Случај Кежаровски - Притворот треба да биде крајна мерка


Новинарите на протест пред судот во Скопје побараа ослободување од притвор на нивниот колега Томислав Кежаровски од Нова Македонија на 31 мај 2013 година.
Новинарите на протест пред судот во Скопје побараа ослободување од притвор на нивниот колега Томислав Кежаровски од Нова Македонија на 31 мај 2013 година.

Долги години домашните експерти, но и меѓународните организации посочуваат дека судиите во Македонија многу лесно одредуваат притвор, а образложенијата за тоа им биле шаблонски и неаргументирани.

Судот во Скопје му го продолжи притворот на новинарот Томислав Кежаровски за уште 30 дена и покрај жестоките реакции и од домашните и од меѓународните новинарски здруженија. Кежаровски се товари дека во новинарски текст во 2008 година открил идентитет на заштитен сведок во судски процес за убиство.
Дури има одлука за Македонија во којашто се кажува дека такво шаблонско одлучување или пренесување на законскиот текст во решенијата за притвор е несоодветно, дека тоа не е во рамките на владеење на правото, дека треба да бидат дадени јаки образложенија зошто е одредена мерката притвор, дека мерката притвор е крајно решение, дека прво треба да се исцрпат сите други можности, па евентуално тогаш да се одреди мерка притвор.
Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Неговите колеги тврдат дека тој е невин, затоа што наводниот заштитен сведок пред неколку месеци го откри својот идентитет и рече дека полицијата го терала лажно да сведочи. Сепак, без да се прејудицира конечниот исход од случајот, колегите на Кежаровски бараат да му биде дозволено да се брани од слобода. Судот, пак, смета дека тој може да избега или да влијае на јавноста или сведоците и затоа мора да остане во притвор. За медиумските организации ова образложение е неосновано.
Новинарите на протест пред судот во Скопје побараа ослободување од притвор на нивниот колега Томислав Кежаровски од Нова Македонија на 31 мај 2013 година.
Новинарите на протест пред судот во Скопје побараа ослободување од притвор на нивниот колега Томислав Кежаровски од Нова Македонија на 31 мај 2013 година.

Долги години домашните експерти, но и меѓународните организации посочуваат дека судиите во Македонија многу лесно одредуваат притвор, а образложенијата за тоа им биле шаблонски и неаргументирани.

Поранешната судијка во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска, вели дека мерката притвор во Македонија често несоодветно се одредува.
Многу често, што подетално се разбира треба да се истражи, определувањето на притворот е причина за лицето за кое можеби на крај нема доволно докази по правните принципи, ако не е утврдено дека е сторител на кривично дело надвор од разумно сомневање, би требало да биде ослободен, а тоа не се случува, туку во најголем дел од случаите луѓето се осудуваат само за да се покрие притворот.
Гордан Калајџиев, универзитетски професор.

„Дури има одлука за Македонија во којашто се кажува дека такво шаблонско одлучување или пренесување на законскиот текст во решенијата за притвор е несоодветно, дека тоа не е во рамките на владеење на правото, дека треба да бидат дадени јаки образложенија зошто е одредена мерката притвор, дека мерката притвор е крајно решение, дека прво треба да се исцрпат сите други можности, па евентуално тогаш да се одреди мерка притвор“, вели Цаца Николовска.
Илустрација.
Илустрација.

Професор Гордан Калајџиев, пак, вели дека е точно дека притворот во Македонија релативно лесно се определува, односно не се образложува вистински неопходноста од притвор и нагласува дека тоа е мерка што се определува во крајна нужда. За него, поголем проблем од определувањето притвор е тоа што статистиката покажува дека најчесто случаите во коишто бил определен притвор завршуваат со затворска казна што најмалку го покрива притворот.

„Многу често, што подетално се разбира треба да се истражи, определувањето на притворот е причина за лицето за кое можеби на крај нема доволно докази по правните принципи, ако не е утврдено дека е сторител на кривично дело надвор од разумно сомневање, би требало да биде ослободен, а тоа не се случува, туку во најголем дел од случаите луѓето се осудуваат само за да се покрие притворот.“
Повторно ќе бидеме ставени на тапет во делот на владеење на правото и повторно ќе се дискутира за независноста и непристрасноста во судството во целина, а посебно на влијанијата коишто се вршат од надвор.
Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

РСЕ: На пример, ако бил во притвор шест месеци, го осудуваат на шест месеци и по пресудата го ослободуваат?

„Па и нешто повеќе, честопати и нешто повеќе, значи тоа се случува многу често и е загрижувачки како појава“, вели Калајџиев.

Тој вели дека не е најголем проблем определувањето притвор, туку неговата должина и додава дека притворот треба да биде што пократок.

Цаца Николовска вели дека кога ќе се исцрпат сите правни механизми во Македонија, притворениот може да се жали и пред Судот во Стразбур, но оти тоа е најлошо за земјата.

„Повторно ќе бидеме ставени на тапет во делот на владеење на правото и повторно ќе се дискутира за независноста и непристрасноста во судството во целина, а посебно на влијанијата коишто се вршат од надвор“, вели Цаца Николовска.

Калајџиев вели дека понекогаш проблемот со изрекувањето на притвор во Македонија се предимензионира, зашто за волја на вистината бројот на изречени притвори на 100 илјади жители во Македонија е меѓу пониските во Европа. Многу од тезите што се вртат во јавноста произлегуваат од статистика или од општ впечаток, но за жал ние немаме вистински истражувања, ниту пак некој ги финансира, а овие тези и сериозни проблеми треба да бидат истражени во практика од што би излегле и препораки за нивно надминување, вели Калајџиев.

Специјалниот известувач за слобода на мислење и изразување на ОН Франк Ла Ру, кој беше во посета на Македонија пред неколку дена, рече дека побарал дозвола да го посети Кежаровски во притвор, но оти не му било дозволено. Тоа генерира чувство на неказнивост на државните постапки и чувство на тоа дека државата не е транспарентна и дека се обидува да одржи одреден степен на тајност и заговор, рече тогаш Ла Ру.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG