Достапни линкови

Стратегиско партнерство, место приватизација на ТК Прилеп


Тутунскиот комбинат од Прилеп нема да се продава, туку со бизнис партнерите ќе се изготви нова програма за работа. Овој нов тип на соработка, според менаџерите, се должи на стравот на сите досега заинтересирани потенцијални стратегиски инвеститори да влезат директно во приватизација на Комбинатот плашејќи се од големи обврски.

Стратегиско партнерство, а не приватизација на прилепскиот Тутунски комбинат е ставот на менаџерскиот тим на прилепскиот загубар во кој што работат преку 1.000 вработени. Според зборовите на генералниот директор на Комбинатот, по одржување на годишното акционерско Собрание кога и официјално е комплетиран Одборот на директори со четворица нови членови, исполнети се условите да се распише јавен повик или оглас за бизнис партнерство со потенцијални странски компании.
Од тие причини планираме да понудиме нова вид на соработка, значи стратегиско партнерство, на тој начин да привлечеме како би го амортизирале тој страв на преземање на комплетната одговорност.
Александар Дерменџиев, генерален директор на прилепскиот Тутунски комбинат.

Тоа ќе значи дека комбинатот нема да се продава, туку дека со бизнис партнерите ќе се изготви нова програма за работа. Овој нов тип на соработка, според менаџерите, се должи на стравот на досега сите заинтересирани потенцијални стратегиски инвеститори да влезат директно во приватизација на Комбинатот плашејќи се од големи обврски.
Александар Дерменџиев, генералeн директор на Тутунски Комбинат-Прилеп.
Александар Дерменџиев, генералeн директор на Тутунски Комбинат-Прилеп.

„Од тие причини планираме да понудиме нова вид на соработка, значи стратегиско партнерство, на тој начин да привлечеме како би го амортизирале тој страв на преземање на комплетната одговорност“, истакнува Александар Дерменџиев, генерален директор на прилепскиот Тутунски комбинат.
За жал очигледно во планот бевме преамбициозни во однос на извозот, значи договорите за извоз што ги имавме потпишано само делумно се реализираа. И во делот со Хонге-Хонге кинеската групација имаме 50 отсто реализација на договорот и со други компании. Сега се работи претежно со Блискиот Исток и африканските земји.
Александар Дерменџиев, генерален директор на прилепскиот Тутунски комбинат.

Бидејќи продолжува и се продлабочува соработката со кинескиот партнер Хонге Хонге, се негуваат надежи дека оваа компанија ќе биде една од потенцијалните, кои ќе се јават на ваков вид оглас за стратегиско партнерство. Во моментов искористен е само 20 отсто од капацитетот на компанијата. Се вложуваат напори да се освојат нови странски пазари, а планот за домашниот пазар е остварен и надминат за 7 отсто во однос на 2011 година.

„За жал очигледно во планот бевме преамбициозни во однос на извозот, значи договорите за извоз што ги имавме потпишано само делумно се реализираа. И во делот со Хонге-Хонге кинеската групација имаме 50 отсто реализација на договорот и со други компании. Сега се работи претежно со Блискиот Исток и африканските земји“, додава Дерменџиев.

За последните две години Комбинатот има позитивен консолидиран, ревизорски извештај. Вкупната загуба изнесува 11.469.000 евра загуби, но најголем дел од нив се однесуваат на конверзијата на побарувањата од државата по основ на даноци и придонеси во акции.

„Од оваа загуба, 7.266.000 евра се должи на конверзијата која што беше направена во оваа година. Значи останатата оперативна загуба е 4.2 милиони евра. Споредбено со минатата година оперативната загуба беше 4.6 милиони, а вкупната загуба беше 25 милиони, но се должеше на отписи од пред 10 години. Значи имаме некое благо намалување на загубата од околу 400.000 евра“, изјави директорот Дерменџиев.

Инаку, Тутунски комбинат, според проценките, располага со капитал од околу 120 милиони евра.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG