Достапни линкови

Како да се решат дивите пазарџии?


Архивска фотографија: Диви пазарџии во Куманово.
Архивска фотографија: Диви пазарџии во Куманово.

Државата годишно губи од 700 до 800 илјади евра од дивите пазарџии по разни даночни основи, според грубите пресметки на претставниците на зелените пазари.

Државата годишно губи од 700 до 800 илјади евра од дивите пазарџии по разни даночни основи, според грубите пресметки на претставниците на зелените пазари. Околу 20 илјади пазарџии по основ на паушален данок во државниот буџет внесуваат 1,5 милион евра, а заедно со другите давачки вкупниот приход во државната каса на годишно ниво од работата на пазарите е 5 до 6 милиони евра.
Тој закон ќе обезбеди и самовработување на голем дел од тие трговци на зелените пазари затоа што тие во натамошното развивање на тој закон и регулирање на тие односи ќе имаат можност на одреден начин да се самовработат и да си го регулираат пензиското и здравственото осигурување.
Благој Дивитаров, претседател на Групацијата за пазари при Стопанската комора на Македонија.

Пазарџиите се соочуваат со два проблеми, нерешен правен статус и нелојална конкуренција од „дивите“ продавачи кои се наоѓаат околу пазарите. Организаторите на пазарите бараат итно да се донесе закон за трговија на зелените пазари со што ќе се регулира правниот статус на пазарџиите кои плаќаат даноци.
Градски пазар во Дебар.
Градски пазар во Дебар.

„Тој закон ќе обезбеди и самовработување на голем дел од тие трговци на зелените пазари затоа што тие во натамошното развивање на тој закон и регулирање на тие односи ќе имаат можност на одреден начин да се самовработат и да си го регулираат пензиското и здравственото осигурување“, вели претседателот на Групацијата за пазари при Стопанската комора Благој Дивитаров.
Проблемот во инспекцискиот надзор не е во тоа дека инспекциските органи не излегуваат на терен, излегуваат, меѓутоа работата е во тоа колку континуирано го прават тоа, бидејќи постојано после секоја акција имаме расчистување на состојбите за извесно време и повторно се јавуваат диви продавачи надвор и нелојално конкурираат.
Предраг Милосављевиќ од АД. Скопски пазар.

Барањето за регулација на нивниот статус е од 2008 година. Минатата година заедно со Министерството за економија изработија и предлог закон кој сè уште не влегол во владина процедура.

„Зошто е одолжувањето? Имаше повеќе нацрти додека не се дојде до овој предлог текст на законот и насловите на законот на самите прописи беа на друг начин формулирани, се работеше прво за предлог на закон за трговија од мал обем, а сега веќе е нешто друго, овој концепт има друг обем и друг опфат. Опфаќа и дел од комуналните дејности и дел од трговската дејност на зелените пазари“, вели Предраг Милосављевиќ од АД. Скопски пазар.

Во однос на „дивите“ продавачи, организаторите на пазарите сметаат дека откако ќе се реши внатрешниот проблем со пазарџиите коишто плаќаат даноци, полесно ќе може да се решава проблемот со сивата економија, односно оние кои на „диво“ заработуваат околу пазарите.

Милосављевиќ вели дека проблемот не е само во пазарната инспекција и недоволното санкционирање на „дивите“ пазарџии.

„Проблемот во инспекцискиот надзор не е во тоа дека инспекциските органи не излегуваат на терен, излегуваат, меѓутоа работата е во тоа колку континуирано го прават тоа, бидејќи постојано после секоја акција имаме расчистување на состојбите за извесно време и повторно се јавуваат диви продавачи надвор и нелојално конкурираат.“

Тие бараат координирана и сеопфатна акција во која ќе учествуваат и пазарната, комуналната и останатите инспекциски служби кои имаат надлежност да постапуваат, а и со самото решавање на статусот на пазарџиите, ќе се подобри ситуацијата и „дивите“ пазарџии полесно ќе бидат стимулирани да влезат во пазарите и да почнат легално да работат, објаснува Милосављевиќ.

Според предлог законот, пазарџиите наместо лиценци ќе добиваат решенија по принцип на регистрирање за кои од прилика ќе платат по 200 до 300 денари. Луѓето кои произведуваат помали количини овошје и зеленчук во домашни услови, а вишокот го продаваат на пазарите, тоа ќе може и натаму да го прават, но со претходно склучени дневни договори за период од најмногу еден или два месеци.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG