Достапни линкови

Меѓународната заедница ќе го следи и третиот круг избори


Кандидатот за градоначалник на Центар од „Сојузот за иднината“ Андреј Жерновски е задоволен што ОБСЕ и меѓународниот фактор ќе го набљудуваат изборниот ден.

В недела граѓаните на Центар, Ѓорче Петров, Струга и Долнени имаат уште една шанса да го изберат својот градоначалник. Андреј Жерновски, кандидат за градоначалник на Центар од Сојузот за иднината изразува задоволство што ОБСЕ и претставници на меѓународниот фактор ќе го набљудуваат изборниот ден. Изјави дека изборите в недела не се само битка за градоначалник на Центар, туку и битка за почитување на демократијата во земјава.
Затоа очекувам во недела да имаме многу подобри избори отколу што имаме во првиот и во вториот круг и она што е најважно е конечно власта да ја прифати волјата на граѓаните во општина Центар.
Андреј Жерновски, кандидат за градоначалник на Центар од Сојузот за иднината.

„Затоа очекувам в недела да имаме многу подобри избори отколу што имавме во првиот и во вториот круг и она што е најважно е конечно власта да ја прифати волјата на граѓаните во општина Центар.“

Пораки за внимателно и будно следење на третиот круг од локалните избори во споменатите општини пристигнаа и од канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Продолжуваме внимателно да го следиме изборниот процес, вклучувајќи го и прегласувањето. Очекуваме прегласувањето да мине во слободна и добро организирана атмосфера, истакнуваат за МИА од Делегацијата на Европската унија во Скопје, додавајќи дека откако ќе завршат изборите од властите очекуваат да започнат со имплементација на претходните
Сакам да бидам оптимист, заради тоа очекувам почитување на правото, на владеењето на правото, почитување на човековите права и почитување на волјата на граѓаните и на граѓанките слободно да ја изразат својата волја, меѓутоа имајќи ги предвид сите работи кои се случија, сите настани кои се случија во изминатиот период, сметам дека треба да бидеме апсолтно и максимално будни.
Џабир Дерала, Цивил.
препораки на ОДИХР, како и на препораките од конечниот извештај на оваа организација.

И од невладината Цивил очекуваат в недела граѓаните слободно да ја изразат својата волја, без притисоци и без кршење на човековите права. Со оглед на претходните искуства од првите два круга и бројните нерегуларности на кои укажавме, во недела мораме да бидеме будни, вели Џабир Дерала од Цивил.

„Сакам да бидам оптимист, заради тоа очекувам почитување на правото, на владеењето на правото, почитување на човековите права и почитување на волјата на граѓаните и на граѓанките слободно да ја изразат својата волја, меѓутоа имајќи ги предвид сите работи кои се случија, сите настани кои се случија во изминатиот период, сметам дека треба да бидеме апсолутно и максимално будни.“

Од Цивил велат дека и в недела ќе биде отворена бесплатната телефонска линија 02 520 91 76 на која граѓаните и граѓанките ќе може да пријавуваат нерегуларности.

Утре и в недела е изборен молк, а по затворањето на избирачките места ќе течат роковите за претставки до ДИК.

В недела од 7 до 19 часот вториот круг од локалните избори ќе се повтори на 29 избирачки места во скопската општина Центар, на девет во Струга и во едно во скопската општина Ѓорче Петров. Втор круг од локалните избори ќе има во општина Долнени на 39 избирачки места.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG