Достапни линкови

Долговите и изборите најкоментирани


Анализата дека долгот на Владата за две и пол години е зголемен за милијарда евра ја покажува чувствителност за темите од економијата.

Дека нашиот народ ги сфаќа работите покажува и првиот коментар по нашата информација за тоа како се одвиваше вчерашниот втор круг на локалните. Посетител на нашата интернет страница потпишан со Визија напишал: „Ах, пуста сиромаштија, ама онаа финансиската не е толку опасна колку што е опасна сиромаштијата на духот. По неа останува пустош...“
Ах, пуста сиромаштија, ама онаа финансиската не е толку опасна колку што е опасна сиромаштијата на духот. По неа останува пустош...
Коментар на читател.

Веројатно резултатите допрва ќе ги коментирате, почитувани, но анализата на колегата Пешев дека долгот на Владата за две и пол години е зголемен за милијарда евра дефинитивно ја покажува вашата чувствителност за темите од економијата.

Еден од главните учесници во дебатата на таа тема е посетителот на нашата веб-страница со потпис Македон. Неговата теза е дека кафански муабети биле тоа дека Македонија е презадолжена, дека во неа владее мизерија, дека сме немале море... и дека 30% од годишната заработка бил енормно низок долг што можел да се врати. Македон
Ставрески денес позајмува 100 милиони евра за утре да врати толку достасани долгови. Има и непартиски граѓани кои не слушаат и не читаат одредени медиуми, туку ја гледаат реалноста. Една милијарда скоро чини Скопје 2014.
Коментар на читател
дури смета дека со текстот се прави обид за манипулирање на јавноста, бидејќи не се направила споредба со процентот на долг од БДП и на други држави. Според него загрижувачки е кога долгот ќе биде поголем од 80%, а 33%, колку што е долгот на Македонија, значел здрава економија.

Жана на ова му одговара дека нема основа за споредба со други земји-членки на ЕУ кои ги спасува Унијата кога ќе заглават и дека иако можеби сме ниско задолжена земја, проблематичен е капацитетот на Македонија да се раздолжи, особено со долговите направени за непродуктивни цели. Па прашува: „Толку ли ви се испрани мозоците?“

Перо им одговара и на Македон и на Петко, кој, патем, смета дека нашиот новинар пишувал глупости и дека ретко кој можел да си дозволи такво нешто колку и да не му се допаѓала актуелната власт: „Македон и Петко, секоја ви чест. Малку ли е рангирањето на државава како најсиромашна. Ставрески денес позајмува 100 милиони евра за утре да врати толку достасани долгови. Има и непартиски граѓани кои не слушаат и не читаат одредени медиуми, туку ја гледаат реалноста. Една милијарда скоро чини Скопје 2014...“, потсетува Перо.

Трајче од Штип песимистички смета дека ќе сме издржеле некако до 2015 година, „ама кога ќе треба да се врати половина милијарда од долгот за земените кредити, тогаш за каде сме?“

Диме внесува хумор во тешката тема за економските состојби на земјава, па пишува: „А да им ја прати Владата сметката на Македон и на Петко? Ко' што гледам од нивните коментари, не е ништо страшно“, и пораката ја завршува со симболот на Смешко.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG