Достапни линкови

Македонија избира локални власти - висок одѕив досега


Локални избори 2013
Локални избори 2013

Според податоците на Државната изборна комисија до 10 часот гласале 12,49 отсто од регистрираните гласачи. Гласањето започнало речиси во сите избирачки места, а нерегуларности и прекини се забалежани во неколку изборни единици.

Граѓаните денеска избираат локални власти во 80 општини и Градот Скопје. Се гласа на 2.976 гласачки места за 350 кандидати за градоначалници и за 480 листи за советници. Право на глас имаат 1.743.403 граѓани.
До 10 часот во Македонија на гласање излегле 204.783 лица или 12,49 отсто, меѓутоа ова е излезност во 2.664 избирачки места или во 89, 52 од изборните единици.
Билјана Јовановска, портпаролката на ДИК.

Според податоците на Државната изборна комисија гласањето почнало во сите избирачки места освен во една изборна единица во Гостивар поради одрони на патот и две избирачки места во Чашка и Петовец затоа што немало избирачи.

„До 10 часот во Македонија на гласање излегле 204.783 лица или 12,49 отсто, меѓутоа ова е излезност во 2.664 избирачки места или во 89, 52 од изборните единици“, соопшти портпаролката на ДИК, Билјана Јовановска.

Излезноста е најголема во Кратово 22,29 отсто, во Кичево 20,89 проценти и во Крушево 18,22, а најмала е во Боговиње каде што на гласање излегле 6,5 отсто.
На гласачкото место 1720 општина Струмица набргу по отворањето имало прекин на гласањето поради тоа што е увидено дека постои вишок од 33 гласачки ливчиња...
Дарко Алексов, МОСТ.

Локалните избори, според Државната изборна комисија, ќе ги набљудуваат 410 странски и 8.379 домашни набљудувачи.

Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов изјави дека сите гласачки места на кои Граѓанската асоцијација МОСТ има распоредено свои набљудувачи утринава се отворени, но на неколку избирачки места се забележани одредени нерегуларности.
Прес-конференција на директорот на Граѓанската асоцијација МОСТ Дарко Алексов.
Прес-конференција на директорот на Граѓанската асоцијација МОСТ Дарко Алексов.

„На гласачкото место 1720 општина Струмица набргу по отворањето имало прекин на гласањето поради тоа што е увидено дека постои вишок од 33 гласачки ливчиња. Гласачкото место 0957 во општина Крива Паланка е отворено со еден час задоцнување поради снег, а гласачкото место 0925 во Кратово е отворено во 7 часот и 30 минути и на ова гласачко место е забележано читање на глас на имињата на
Мислам дека ќе биде мирно, ќе помине се во најдобар ред. А приоритет треба да им биде вработување на луѓето.
Анкетиран граѓанин.
гласачите. Во општина Штип, гласачкото место 2295 е отворено во 7 часот, но е прекинато во 7 часот и 15 минути поради тоа што пред објектот во кој се гласало имало билборд на политичка партија.“

МОСТ ги следи изборите со 3.200 набљудувачи, кои покриваат околу половина од избирачките места на територијата на целата држава.

Вчера своето право на глас го искористија луѓето во казнено-поправните домови, внатрешно раселените, луѓето кои се во домашен притвор, како и немоќните и болните кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Гласањето започнува во 7 часот, а ќе трае непрекинато до 19 часот, кога се затвораат избирачките места. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа ќе им се овозможи да гласаат.

Граѓаните кои ние ги анкетиравме очекуваат мирни избори и власти кои ќе се грижат за потребите на граѓаните.

„Јас мислам дека ќе се однесуваат како луѓе, онака како што треба. Треба да мислат за луѓето, за пензионерите.“

„Мирно, мирно ќе биде. Вработување треба, други работи.“

„Мислам дека ќе биде мирно, ќе помине се во најдобар ред. А приоритет треба да им биде вработување на луѓето.“

Во општините каде нема да се избере градоначалник во првиот круг, ќе се одржи гласање за 14 дена.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG