Достапни линкови

Засилена националистичката реторика


Струга.
Струга.

Сите конфликти започнуваат со збор, а од националистичка реторика не се откажуваат политичките лидери што е очигледно од нивните настапи деновиве.

Сите конфликти започнуваат со збор, а од националистичка реторика не се откажуваат политичките лидери што е очигледно од нивните настапи деновиве. Многу е веројатно дека тие од таквата реторика нема да се откажат до крајот на кампањата за локалните избори по цена да ги подгреат веќе поткренатите меѓуетнички тензии, велат експертите.
Еден национализам со друг се удираат, се чукаат, на крај од тоа може да излезе и нешто добро, под услов, велам под услов да не се излие конфликтот на улица, а тоа е возможно, тука сме на работ. Сега се зависи од тоа дали во последен момент ќе се воздржат луѓето да не посегнат по нешто повеќе, оти реториката таму води.
Мирјана Малеска, универзитетски професор.

„Еден национализам со друг се удираат, се чукаат, на крај од тоа може да излезе и нешто добро, под услов, велам под услов да не се излие конфликтот на улица, а тоа е возможно, тука сме на работ. Сега се зависи од тоа дали во последен момент ќе се воздржат луѓето да не посегнат по нешто повеќе, оти реториката таму води“, вели универзитетскиот професор Мирјана Малеска.
Кичево.
Кичево.

И покрај големата штета што можат да ја нанесат со своите настапи, политичките лидери мораат на ваков начин да ги прикријат слабостите на својата понуда и многуте веќе направени пропусти, е на мислење аналитичарот Рамадан Рамадани.

„И да ја прикријат најголемата фалинка што ја има децентрализацијата, а тоа е дека всушност таа не е спроведена до крај и дека процесот е заглавен и закочен.“
Се надевам дека повиците од политичките претставници, претставниците на меѓународната заедница, но и од Македонија ќе бидат земени предвид затоа што локалните избори се однесуваат на локалните прашања и на други прашања кои се наметнуваат во дебатата.
Кристофер Ивон, британски амбасадор во Македонија.

Доколку ваквата реторика продолжи, таа ќе го држи ризикот за излевање на националистичките страсти на улица сè додека таа трае, предупредуваат експертите. Со оглед на фактот дека протестите кои ги видовме на улиците во последниве недели не се повторија со истиот интензитет, тоа е знак дека стравот кај луѓето влијае да бидат одбиени таквите негативни реакции, вели во интервју за Радио Слободна Европа, британскиот амбасадор во Скопје, Кристофер Ивон.

„Се надевам дека повиците од политичките претставници, претставниците на меѓународната заедница, но и од Македонија ќе бидат земени предвид затоа што локалните избори се однесуваат на локалните прашања и на други прашања кои се наметнуваат во дебатата“, вели Ивон.

Кодексот на однесување кој го потпишаа дел од градоначалниците е поддржан од британската амбасада и би сакал да видам и други градоначалници да потпишат ист таков, додава Ивон во интервјуто кое во целост ќе го емитуваме в недела.

Иако почна токму во атмосфера на меѓуетнички тензии, не можеше да се очекува дека кампањата за локалните избори ќе биде доведена до овој степен на размена на радикални пораки.

„Што повеќе од ова што го слушнавме и од страна на Албанците и од страна на Груевски во Струга и на други места. Еден национализам одговора на друг“, вели Малеска.

Се чини дека никој никому нема намера да му остане должен до самиот истек на рокот за кампања.
XS
SM
MD
LG