Достапни линкови

Меѓуетничките односи вријат во предизборниот котел


Меѓуетничките односи осцилираа, имаат подеми и падови со што се лесен плен во рацете на тие кои сакаат да ја дестабилизираат земјата. Особено тензиите добиваат на интензитет пред изборите. Претстојните избори треба да покажат колку општеството израснало, односно колку граѓаните се способни да стават крај на таа потреба на партиите - меѓуетничките односи да бидат алатка за здобивање со што повеќе гласови.

Заедно со изборите, како по некое непишано правило што се наметна изминативе години, доаѓаат и меѓуетничките тепачки и инциденти. И како по правило, партиите ги осудуваат инцидентите и повикуваат на воздржаност, надлежните ветуваат дека ќе преземат брза и енергична акција против сторителите, а експертската јавност го вперува прстот токму во политичките елити, како поттикнувачи на тензиите заради политички поени.
За нас е совршено јасно дека инцидентите, не случајно, започнаа во истиот ден кога лидерот на СДСМ, господинот Црвенковски беше доведен во ситуација да се откаже од сите свои уцени и условувања и да капитулира од своите барања. Уште повеќе, за нас е јасно дека во континуитет, неколку коалициони партнери на СДСМ јавно подбуцнуваат и повикуваат на насилство и пресметки помеѓу луѓето кои припаѓаат на различни етнички заедници.
Никола Тодоров, ВМРО-ДПМНЕ.

Повод за последните меѓуетнички бранувања беше назначувањето на поранешниот командант на ОНА Талат Џафери за министер за одбрана од редовите на владејачката ДУИ. На неговиот избор најжестоко се спротивстави политичката партија Достоинство, која првично беше формирана како здружение на бранителите од конфликтот во 2001 година. Но, наспроти мирните протести организирани од Достоинство, група млади етнички Македонци минатиот петок организираа протест против именувањето на Џафери пред владата. Протестот ескалираше во насилство против полицијата, а демонстрантите нападнале и неколкумина недолжни граѓани Албанци во Скопје.

Како одговор на тоа, утредента протестираа Албанци, наводно организирани преку социјалните мрежи. И нивниот протест против насилството над Албанците прерасна во дивеење низ главниот град.
Навистина не ни е јасно зошто Груевски по секоја цена сака меѓуетничките односи да станат доминантна тема во кампањата за локалните избори. Наместо смирување на страстите, денес режимот долева масло на огнот.
Игор Ивановски, СДСМ.

Десетици повредени, уапсени, превртени автомобили, запален автобус е епилогот од двата дена насилства. Сепак, крајот не беше тука. Речиси цела недела се случуваат инциденти, во кои по правило страдаат недолжни граѓани. Во населбите населени со Албанци се напаѓаат Македонци, во оние каде што мнозинство се Македонците – страда некој Албанец. Автобусите на ЈСП, пак, страдаат секаде.

Речиси сите политички партии ги осудија инцидентите и меѓусебно се обвинија дека стојат зад насилствата.

Од ВМРО-ДПМНЕ предупредија дека подигрувањето со меѓуетничките теми и односи секогаш носи штета на Македонија и посочија на СДСМ како виновник за инцидентите.

„За нас е совршено јасно дека инцидентите, не случајно, започнаа во истиот ден кога лидерот на СДСМ, господинот Црвенковски беше доведен во ситуација да се откаже од сите свои уцени и условувања и да капитулира од своите барања. Уште повеќе, за нас е јасно дека во континуитет, неколку коалициони партнери на СДСМ јавно подбуцнуваат и повикуваат на насилство и пресметки помеѓу луѓето кои припаѓаат на различни етнички заедници“, изјави Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ, пак, изјавија дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата на која заштитен знак и се меѓуетничките недоразбирања, судири и тензии.

„Навистина не ни е јасно зошто Груевски по секоја цена сака меѓуетничките односи да станат доминантна тема во кампањата за локалните избори. Наместо смирување на страстите, денес режимот долева масло на огнот“, изјави Игор Ивановски од СДСМ.
Инциденти и тензии во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:46 0:00
Ни партиите од албанскиот блок не останаа покуси - и тие меѓусебно се обвинија дека се виновни за разгорување на меѓуетнички страсти. За ДУИ виновна е ДПА, која, според нив, ги инструментализира протестите.
Одредени политички кругови кои калкулирајќи ги нивните тесно-партиски и дневно-политички интереси воопшто не размислуваа за последиците што може да ги има таа кампања кај граѓаните и кај младите.
Бујар Османи, ДУИ.

„Одредени политички кругови кои калкулирајќи ги нивните тесно-партиски и дневно-политички интереси воопшто не размислуваа за последиците што може да ги има таа кампања кај граѓаните и кај младите“, рече Бујар Османи од ДУИ.
Протести на млади Албанци во Чаир и на Бит Пазар на 8 март 2013 година.
Протести на млади Албанци во Чаир и на Бит Пазар на 8 март 2013 година.

Според лидерот на ДПА Мендух Тачи, СДСМ заедно со ДУИ се одговорни за најновите инциденти.

„Македонските партии си најдоа човек и структура со која си играат да ги прават Албанците месо за оружје, првин со ВМРО, па сега со СДСМ. Одговорноста на ВМРО е што полицијата толерираше додека се тепаат мали деца“, изјави Мендух Тачи, претседател на ДПА.
Македонските партии си најдоа човек и структура со која си играат да ги прават Албанците месо за оружје, првин со ВМРО, па сега со СДСМ. Одговорноста на ВМРО е што полицијата толерираше додека се тепаат мали деца.
Мендух Тачи, претседател на ДПА.

Меѓународниот фактор и верските институции повикаа на смирување на страстите. Американскиот амбасадор Пол Волерс изјави дека претставниците на меѓународната заедница во Македонија се загрижени за насилните настани што се случуваат. Според него, секој меѓуетнички инцидент или обид да се поттикне нетолеранција е лесна можност ситуацијата да се искористи за политички цели, но исто така е можност да се отвори дијалог и да се зајакнат врските меѓу различните заедници.

ИВЗ повика изборната кампања да се одвива без навреди на меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓуетничките односи, а верските објекти да не се користат како појдовна точка на протестите од страна на непознати организатори
Во периоди кога нешто во државата не оди, меѓуетничките односи се алатка кај сите политичари за свртување на вниманието од некои настани што се случуваат во државата, во моментот најактуелни се изборите.
Владо Димовски, Центар за меѓуетничка толеранција.

Насилствата во Скопје, како да беа најавени од слични инциденти во Струга.

Аналитичарите, пак, велат дека подбуцнувачи на меѓуетничките инциденти се токму политичките партии, кои преку национализмот собираат политички поени или пак сакаат да го пренасочат вниманието на други теми.

„Во периоди кога нешто во државата не оди, меѓуетничките односи се алатка кај сите политичари за свртување на вниманието од некои настани што се случуваат во државата, во моментот најактуелни се изборите“, вели Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција.

Според него, работите допрва ќе се влошуваат.

„Штета што политичарите за жал ги употребуваат младите деца за ваквите меѓусебни пресметки, но тоа во Македонија стана голема пракса и многу тешко ќе се искорени од агендата на политичарите за постигнување на повисоки цели, особено што и оваа година е изборна година, сега сме веќе во кампања и може да се очекуваат уште полоши работи.“
Национализмот е алатка со која може да се дивертира вниманието од неспособноста, односно од криминалното однесување на политичките елити во земјава. Тие по секоја цена сакаат да добијат гласови, меѓутоа на најлесен можен начин, а тоа е со страсти, со префрлање на одговорноста, односно на вината на другата заедница.
Џабир Дерала, Центар за слобода-Цивил.

И граѓаните го вперуваат прстот кон политичарите како виновници за меѓуетничките инциденти.

„Владата ги прави сите тие работи, таа е врховен виновник, луѓето ништо не ги мачи.“

„Тензиите ги создаваат политичарите, инаку луѓето живееле заедно и ќе живеат.“

„Сакајќи владата да прекрие некои други работи кои се приоритет за решавање, она создава тензии за да го сврти вниманието на друга страна.“

„Најголеми лажговци се политичарите, поголеми лажговци од нив нема, додека го избереш на колена ќе клекне, а потоа нема да го видиш повеќе“, велат анкетираните граѓани.

Џабир Дерала од Центарот за слобода-Цивил вели дека во основата на однесувањето на партиите е промовирањето на национализмот со кој најлесно можат да дојдат до гласови и да го привлечат вниманието на граѓаните.
Тоа во една мултиетничка држава воопшто не е добро, не е добро ни премногу патриотизам. Треба многу внимавање кој што зборува, бидејќи тоа директно се пресликува кај луѓето. Колку малку треба да потпалите некого да излезе на демонстрации, да вика, да крши, да тепа итн., малку треба и заради тоа треба секоја група, особено политичките лидери мора да водат сметка што зборуваат и како зборуваат.
Мирјана Малеска, универзитетски професор.

„Национализмот е алатка со која може да се дивертира вниманието од неспособноста, односно од криминалното однесување на политичките елити во земјава. Тие по секоја цена сакаат да добијат гласови, меѓутоа на најлесен можен начин, а тоа е со страсти, со префрлање на одговорноста, односно на вината на другата заедница.“

Досегашното искуство покажува дека оние партии кои се попатриотски, понационалистички и понационални добиваат повеќе гласови, вели професор Мирјана Малеска. Претстојните избори треба да покажат колку општеството израснало, односно колку граѓаните се способни да стават крај на таа „природна“ потреба на партиите на секој начин да се здобиваат со што повеќе гласови, додава Малеска. Но таа очекува и на овие избори за се оди на поттикнување на национализам.

„Тоа во една мултиетничка држава воопшто не е добро, не е добро ни премногу патриотизам. Треба многу внимавање кој што зборува, бидејќи тоа директно се пресликува кај луѓето. Колку малку треба да потпалите некого да излезе на демонстрации, да вика, да крши, да тепа итн., малку треба и заради тоа треба секоја група, особено политичките лидери мора да водат сметка што зборуваат и како зборуваат.“

Владата минатата година потроши 575 илјади евра за изработка на кампањи за промоција на вредностите од меѓуетничкиот и меѓурелигискиот соживот. Преку видео спотови, билборди, реклами се повикуваа граѓаните да бидат толерантни кон другиот без разлика на етничката или верската припадност.

Но рекламите не може да помогнат, вели аналитичарот Рамадан Рамадани од Институтот Нисма.

„Ова се средува само со суштински пристап, а никако со ад хок медиумски реклами за соживот - дека Македонија нè сака, дека ние ја сакаме, тие смешните реклами.“

Рамадани вели дека спорадичното појавување на меѓуетнички тензии само зборува дека меѓунационалната кохезија е константен проблем на кој најмалку работеле сите политичари во изминатите дваесетина години.

Но до кога ќе може да се печалат политички поени на национализмот? Кога македонското општество ќе еволуира? Дерала вели дека одговорот на овие прашање не е ни малку лесен. Според него, тоа зависи во голема мера од граѓаните.

„Кога граѓаните и граѓанките на Македонија ќе решат да размислуваат независно до тоа што им се сервира од политичките елити или од медиумите кои служат како нивни мегафони, мислам дека тогаш политичките елити ќе поразмислат малку посериозно и ќе се обидат да понудат вистински решенија на граѓаните.“

Последните настани на меѓуетнички план ја разгореа и непрофесионалноста на медиумите. Првата недела од мониторингот на медиумите пред изборите спроведен од Високата школа за новинарство и односи со јавноста покажува етнички пристрасна поставеност на агендата во новинарското известување.

„Неизвестување за настаните, односно премолчување на протестите на демонстрантите пред владата на кои имаше насилство, што е сериозно прекршување на основиот стандард за целосно, навремено и вистинито известување. Пример МТВ1 во која на први март воопшто не се известува за овие протести, но следниот ден се информира за контрапротестите“, рече професор Весна Шопар при преставувањето на Извештајот.

Но како кај македонските, прекршувања се забележани и кај медиумите на албански јазик.

„МТВ2 и Алсат-М, каде на снимките за демонстрациите отсуствуваат делови каде што демонстрантите скандираат УЧК, нешто што може да се види на телевизиите на македонски јазик. Двата медиуми наведуваат дека протестите биле мирни и дека се заостриле кога имало кога имало силно полициско присуство.“

Професор Мирјана Малеска вели дека и политиката и граѓанството учат преку тешки лекции учат до каде се границите.

„Едно тешко искуство низ кое минуваме секојдневно ги учи политичарите, а ги учи и граѓаните како треба да се однесуваат, дека некои граници мора да се стават, оти едно насилство, раѓа друго насилство.“

Години наназад меѓуетнички тензии се разгорувале пред некои важни настани или кога државата се соочувала со некои проблеми. Не поминал извештај на ЕК за напредокот на Македонија, некој спорен закон во Собрание, политички недоразбирања, економски проблеми без тепачки во мешани средини, напади на средношколци, кршење на автобуси, политички препукувања. Ќе траат со денови, а во меѓувреме сите ќе се оградуваат и ќе повикуваат на смиреност, сè до следниот пат.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG