Достапни линкови

Еврокомесарот Штефан Филе под притисок


Штефан Филе, Скопје. 01.03.2013.
Штефан Филе, Скопје. 01.03.2013.

На состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија в понеделник не е предвидено да се разговара за политичките кризи во Македонија, Албанија и Молдавија. Ова, како што се наведува во текстот објавен во „Јуропиан воис“, и покрај фактот што Штефан Филе се соочи со еден од најтешкиите периоди откако стана комесар за проширување една недела по политичките кризи во Македонија, Албанија и Молдавија.

Со неговата посета на Скопје на први март, Филе успеа да ја убеди македонската опозиција да не ги бојкотира локалните избори на 24 март со што заврши и двомесечната опозицска блокада на парламентот.

Во повеќе соопштeнија Европската унија, Соединетите држави и ОБСЕ нагласија дека изборите се клучни за македонските напори за влез во Унијата, се наведува во текстот на „Јуропиен Воис“ во кој се додава:

„Имаше и сугестии дека Филе би можело да ја повлече препораката дека Брисел треба да ги почне пристапните преговори со Македонија, која е официјален кандидат уште од 2005 година.
Но, кревката политичка ситуација и можноста за негативен извештај за Македонија повторно излегоа на површина по заминувањето на Филе, со сцени на насилство на демонстрациите против наименувањето министер за одбрана кој за време на конфликтот во 2001 година беше командант на ОНА.

Сега Филе го пишува извештајот за Македонија кој би требало да биде разгледан од лидерите на Унијата на нивниот состанок во мај или во јуни. Договорот од први март изгледа ја спаси можноста за разумно позитивен заклучок.

Но, кревката политичка ситуација и можноста за негативен извештај за Македонија повторно излегоа на површина по заминувањето на Филе, со сцени на насилство на демонстрациите против наименувањето министер за одбрана кој за време на конфликтот во 2001 година беше командант на ОНА.

Штефан Филе, како што се наведува во текстот, има проблеми и во Албанија каде што ја критикуваше коалициската влада за неуспехот да ги донесе, па поради тоа реши да организира референдум за три клучни законски пакети кои ги бара Европската унија: за судството, јавната администрација и парламентарниот деловник.

„Референдумот не може да биде патот за заобиколување на недостигот на дијалог и конструктивна соработка меѓу владата и опозицијата за европската агенда“, изјави Филе.

И покрај ваквата интервенција албанскиот парламент на петти март ја поддржа идејата за референдум. Засега не е утврден датумот на гласањето, но тоа би требало да биде пред општите избори закажани за 23 јуни.

Опозицијата, предводена од Еди Рама, ги критикуваше парламентарните избори во 2009 година и локалните две години потоа, а извесно време ја бојкотираше и работата на парламентот.

Постои особено разочарување во круговите на Европската унија и за паѓањето на молдавската влада во вторникот. На Молдавија се гледаше како на „најдобра во класот“, а коалициската влада на Влад Филат постојано добиваше пофалби од Европската комисија за проевропските реформи во земјата.

Кризата почна на 13 февруари, кога Филат изјави дека ќе ја повлече неговата партија од трипартитната коалициска влада, се додека не биде потпишан нов коалициски договор. Досега не е утврден датум за нови избори.

Филат се надева до крајот на годинава да постигне спогодба со Комисијата за прием на неговата земја, пишува „Јуропиен Воис“ во врска со дел од проблемите со кои се соочува еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG