Достапни линкови

Студентите на печалба во Америка


Илустрација: Њујорк.
Илустрација: Њујорк.

Секоја година се зголемува бројот на студенти кои заминуваат на неколкумесечна работа во САД. Професорите апалираат студентите да бидат внимателни бидејќи има и такви агенции кои не се многу одговорни.

Стотина студенти од Македонија секоја година заминуваат на неколкумесечна работа во САД. Голем е и бројот на оние кои одат на работа на некој од светските бродови. Велат дека тоа е единствен начин за заработка во услови кога во Македонија шансата на младите за работа е многу мала.
Секоја година се поголем и поголем е бројот на оние кои одат во Америка. Јас и другарка ми бевме пред две години. Нашите студенти се сконцентрирани најмногу во Њу Џерси, Чикаго и други поголеми градови. Работат најразлични работи, најмногу во хотели.
Анкетирана студентка.

Студенти од Охридскиот факултет за туризам и угостителство за Радио Слободна Европа велат дека бројот на оние кои заминуваат на работа во странство е се поголем.

„Секоја година се поголем и поголем е бројот на оние кои одат во Америка. Јас и другарка ми бевме пред две години. Нашите студенти се сконцентрирани најмногу во Њу Џерси, Чикаго и други поголеми градови. Работат најразлични работи, најмногу во хотели. Со заработката во Америка можеме да ги поднесеме трошоците направени претходно и да се заработи за прошетка низ Америка“, вели студентка на ФТУ во Охрид.

Друга студентка, пак, вели дека нашите студенти во Америка работат и по две работи за да заработат повеќе.

Ние имаме контакти со агенции кои испраќаат студенти во САД. Би ги замолил студентите да бидат внимателни бидејеќи има и такви агенции кои не се многу одговорни. Имавме и непријатни случки.
Златко Жоглев, ректор на Битолскиот универзитет Свети Климент Охридски.
„Работев во продавница за сладоледи и кафиња. За да опстои и да се заработи работат и по две работи. Многу е голем интересот. Секој кој бил претходно потоа со себе носи свои другари и така се шири кругот. Дали е ова поради лошата финансиска ситуација во Македонија? Да тоа е на прво место. Имаме можност за поголема заработка отколку овде да седиме залудно“, вели друга студентка.

Професорите се свесни за ваквата ситуација, но велат дека за жал тоа е реалноста во Македонија. Ректорот на Битолскиот универзитет Свети Климент Охридски, Златко Жоглев потврди дека тие како универзитет имале контакт со агенциите кои испраќаат студенти во странство, поконкретно во САД.

„Ние имаме контакти со агенции кои испраќаат студенти во САД. Би ги замолил студентите да бидат внимателни бидејќи има и такви агенции кои не се многу одговорни. Имавме и непријатни случки. За да не се случи студентите да се најдат во таква ситуација, кога им е ветувана работа па кога ќе отидат таму и други работи, најдобро е да се обратат на нашиот универзитет. Затоа треба да ги користат позитивните искуства од нивни колеги кои претходно заминале“, рече Жоглев.

И амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс при последната посета на Охрид, рече дека голем е бројот на студенти кои од Македонија заминуваат на работа во неговата држава.
XS
SM
MD
LG