Достапни линкови

Девет години од падот на кингерот на претседателот Трајковски


Одбележување на осумгодишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски во Скопје.
Одбележување на осумгодишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски во Скопје.

Професор Владимир Пивоваров кој беше дел од тимот на местото на несреќата, вели дека сето она што било завршено во првичната истрага потоа се искористило во политички цели на одредени партии во земјава.

Девет години по авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски нова експертска комисија ќе ги разгледува неразјаснетите околности. Главниот истражител на БиХ Омер Кулиќ изјави дека очекува новата истрага да трае од шест до дванаесет месеци и со која ќе се утврдуваат фактите како дошло до падот на кингерот.
Само постоење на новите докази може да овозможи водење на нова истрага, најверојатно експертите од Босна и нашите експерти, располагаат со некој нов доказ кој во тој момент не бил на располагање и така немаше основ за некој сомнеж дека некој нешто забошотува.
Владимир Пивоваров, универзитетски професор.

Професор Владимир Пивоваров кој беше дел од тимот на местото на несреќата, вели дека сето она што било завршено во првичната истрага потоа се искористило во политички цели на одредени партии во земјава. Според него, досега никој од истражниот тим не е повикан и се што тогаш било превземено од македонските служби не е искористено за да се отпочне нова истрага.

„Само постоење на новите докази може да овозможи водење на нова истрага, најверојатно експертите од Босна и нашите експерти, располагаат со некој нов доказ кој во тој момент не бил на располагање и така немаше основ за некој сомнеж дека некој
Одбележување на осумгодишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски во БиХ
Одбележување на осумгодишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски во БиХ
нешто забошотува.“

Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност вели дека врз основа на анализираните документи и предметите кои се пронајдени по несреќата е констатирано дека првобитната комисија во определени сегменти не извршила детална анализа, а има и нестручно дефинирање на определени позиции.
И оттука мислам дека ако навистина сериозно тргне работата на новата Комисија, дека имаат можност да ги испитаат сите овие нови релевантни нови докази и врз основа на тоа да ја приближат вистината за причините за падот на македонскиот авион.
Благоја Марковски, Балкански форум за безбедност.

„И оттука мислам дека ако навистина сериозно тргне работата на новата Комисија, дека имаат можност да ги испитаат сите овие нови релевантни нови докази и врз основа на тоа да ја приближат вистината за причините за падот на македонскиот авион.“

Пивоваров додава дека се појавија многу шпекулации дека авионот бил урнат со ракета, дека имало необјавени снимки кои никој не ги докажа и редно време е сомнежите да се расчистат.

„Не слушнавме досега од колегата до Босна што е шеф на мисијата за водење на истрагата, дека има некој доказ, меѓутоа претпоставки дека има. Претпоставката не е основ за доказ, туку претпоставката е основ да се сомневаме, меѓутоа добро е сите соменжи еднаш за секогаш да бидат отстранети, да нема шпекулации какви што досега имаме 9 години и еднаш за секогаш да се затвори истрагата. Јас мислам дека оваа власт од 2006-та ги има и ги гледала документите, ако имало нешто испуштено сигурно до сега би било преземено.“

Во несреќата која се случи во близина на Мостар загинаа и сите членови на претседателската делегација и екипажот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG