Достапни линкови

Пред извештајот, Македонија гради добрососедски односи


Министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна со српскиот шеф на дипломатијата Иван Мркиќ во Скопје.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна со српскиот шеф на дипломатијата Иван Мркиќ во Скопје.

Зачестените средби на македонскиот државен врв со колегите од региониот, дел од експертите ги гледаат како реакција на надворешните притисоци. Македонија деновиве ја посетија високи државни претставници од Бугарија и Црна Гора, Србија.

Зачестените средби на македонскиот државен врв со колеги од соседните земји можеби се организираат во пресрет на пролетниот извештај на Европската комисија, но Македонија евентуално ќе треба да разговара за отворените прашања со соседните земји, сметаат упатените..

По посетите на високи државни претставници од Бугарија и Црна Гора, министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна со неговиот српски колега Иван Мркиќ. Двајцата министри потпишаа спогодба за соработка во духот на евроинтеграциите на двете држави, изјави Попоски по средбата.

„Целта ни е и двете земји формално да ги отпочнеме преговорите за пристапување кон Европската унија, кои би биле резултат на остварените реформи и кои би наишле на подршка од страна на сите земји членки во Европската унија, затоа што сметам дека се работи за европска придобивка“, додаде министерот.

Потпишана спогодба за соработка меѓу Македонија и Србија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00

Исто така се договоривме и за формирање на мешовита комисија за економска соработка, затоа што меѓу двете држави навистина има интензивна економска соработка. Секако се концентрираме и на развојот на инфраструктирни проекти. Имаме неколку кои се во тек и неколку кои се при крај. Се разбира, имаме и инфраструктурни проекти кои се во план.
Иван Мркиќ, министер за надворешни работи на Србија.
Српскиот министер за надворешни работи Иван Мркиќ најави дека наскоро ќе се одржат и средби за спогодбата за евроинтеграции.

„Исто така се договоривме и за формирање на мешовита комисија за економска соработка, затоа што меѓу двете држави навистина има интензивна економска соработка. Секако се концентрираме и на развојот на инфраструктирни проекти. Имаме неколку кои се во тек и неколку кои се при крај. Се разбира, имаме и инфраструктурни проекти кои се во план“, додаде Мркиќ.
Средба на премиерот Никола Груевски со бугарскиот премиер Бојко Борисов во Скопје.
Средба на премиерот Никола Груевски со бугарскиот премиер Бојко Борисов во Скопје.

Во еден дел зачестените средби на македонскиот државен врв со колегите од региониот се должат на редовните извештаи од Европската комисија, вели универзитетскиот професор Денко Малески.

„Меѓутоа, посуштински е дека Македонија веќе подолго време не може да фати ориентација, а изложена е на притисок како од соседите, така и од европските институции. Јас би рекол дека ова повеќе е реакција на надворешните притисоци на кои што македонската држава сега реагира“, додава професорот.

Според Малески, во крајна линија исходот не мора да биде лош

„Напротив, онака како што не притиска целиот тој евроинтеграциски процес, балканските политичари реагираат на тоа. Можеби често не одат суштински на некои длабоки теми кои што ги комплицираат нашите односи, но одат на некакви пократкорочни подобрувања, врзано со инфраструктурата, со гранични премини и така натаму“.

Сето тоа може да создаде подобра клима за отворање на посуштински прашања, заклучува Малески.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:39 0:00
Директен линк

Европеизацијата и стабилноста на регионот беа препораки кои произлегоа и по средбата на премиерот Груевски со премиерот на Бугарија Бојко Борисов.
XS
SM
MD
LG