Достапни линкови

Фуере: Владата да подаде рака за помирување


Дијалогот е единствен начин за излез од актуелната политичка криза, а Владата е таа што треба да го покрене. Интервју на Ерван Фуере за Радио Слободна Еевропа.

Со оглед на вашето искуство како претставник на ЕУ во Македонија и вашата консултативна улога во Ирското претседателство со ЕУ, какви се вашите очекувања за македонското прашање за добивање на датум за преговори со ЕУ?

Се разбира, јас не можам да зборувам во името на ирското претседателство но знам дека Ирска од секогаш го поддржувала процесот на проширување на Унијата, така што ние ќе бидеме водени од заклучоците донесени од Советот на ЕУ во декември. Јас знам дека многу земји сакаат да започнат преговорите со Македонија што е можно поскоро. Затоа што колку порано почнат преговорите толку ќе биде поголем притисокот за реформите и затоа е многу важно. Но тоа зависи од тоа дали Македонија ќе може да ги надмине последните потешкотии од развојот на многу серизони настани кои се случија во парламентот во декември кои не направија ништо за да го подобрат имиџот на државата.

Каква слика оставија во ЕУ настаните од 24 декември и политичката криза која настана по нив?

Па ја нагласија критичната важност на дијалог меѓу сите политички партии . Тоа е едниставениот начин за напредок, и навистина е важно за владата да подаде рака за помирување кон сите партии и да се изнајде компромисно решение за критичните прашања. Правејќи го тоа, ќе се испрати позитивна порака и ќе ја поправи штетата која што се создаде од страшните настани кои ги видовме во Парламентот на 24 декември.

Каков импакт ќе имаат овие настани врз евроинтегративниот процес на Македонија?

Па како што реков ја нагласија за стопати повеќе апсолутната итност за државата да демонстрира дека има капацитет да спроведе политички дијалог кој е нормален дел од демокартски процес. Не можете да го избегнете тоа, има клучни проблеми со кои се соочува земјата и најдобар начин да се решат е сите партии да седнат на маса во духот на консензус. Тие можеби нема да делат исти погледи, но треба да си ги почитуваат меѓусебните различни гледишата. Духот на консензусот може навистина да помогне државата да тргне напред кон многу потребните реформи. Ова сега е навистина итно, затоа што тоа што се случи во декември, но и затоа што од секогаш имало потреба од тоа државата да демонстрира дека има капацитет да спроведе политички дијалог и преку него да покаже дека институциите функционираат како што треба.

Во изминативе месеци видовме дека еврокомесарот Штефан Филе покажува зголемен интерс за изнаоѓање на решение за спорот за името со цел откочување на евроинтегративниот проце. Тој исто така побара состанок со двете страни, Вие ги познавате добро македонските политичари, што мислите има ли доволно политичка волја во оваа влада па и од другата страна за изнаоѓање на решение за спорот за името?

Па да, сигурен сум дека мора да има, затоа што како што досега видовме тоа е за жал пречка за натамошен напредок на земјата на патот кон ЕУ. Така што ако ЕУ може да биде вклучена на некој начин во тоа сигурен сум дека ќе помогне, затоа што ќе изврши притисок врз двете страни да се обидат да изнајдат решение. Тоа ќе биде добро за двете страни и за целиот регион.

Какво е вашето искуство со македонската влада, има ли доволно капацитет и посветеност за европската агенда?

Тие постигнаа многу и морам да кажам дека тоа е благодарение на актуелната вицепремиерка Теута Арифи која вложи многу напори во процесот. Таа ја разбираше потребата од реформите, дека тоа не се само реформи заради реформи затоа што ЕУ ги бара, туку дека се реформи кои се неоходни за иднината на земјата. Така што таа ги заслужува сите пофалби, но има други области каде што треба уште работа да се заврши. Тука владата мора да преземе иницијатива, а најитно од се е политичкиот дијалог. Трагично е што настаните се случија во декември, можеше да бидат избегнат доколку имаше редовен дијалог во духот на компромисот меѓу сите партии. Како што реков нема алтернатива, ова е единстевниот начин за напредок. Се надевам и сигурен сум дека политичките лидери ќе го разберат тоа и дека ќе има итен состанок меѓу лидерите кои ќе се обидат да го решат тоа на зрел начин, тоа ќе биде најдобрата демонстрација дека земјата има капацитет да оди напред.

Зошто потпаролот на ирското претседателство имаше потреба да ја истакне вашата улога во претседателствувањето ?

Тоа беше одговор на скандалозната кампања и гласините фабрикувани од еден медиум, поддржан од владата и тоа е многу тажно и непотребно. И зошто го направија тоа? Ирските власти очигледно сакаа да ги исправат работите и да демонстрираат дека таква пропаганда не му помага на имиџот на земјата и дека има стандарди на новинарството кои треба да се почитуваат.

Зборувате за македонски медиум?

Да тоа беше извештајот на Сител телевизија.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG