Достапни линкови

Избори без опозиција на штета на граѓаните


Протестен собир на опозицијата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје на 29 декември 2012 година.
Протестен собир на опозицијата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје на 29 декември 2012 година.

Во услови кога и власта и опозицијата не покажуваат волја за наоѓање заеднички јазик, поразена е демократијата, вели универзитетскиот професор Здравко Савески.

Откако стана јасно дека власта не ги прифаќа условите на СДСМ, односно дека во март ќе има избори, но само локални, а опозицијата остана на ставот дека нема да се врати во парламентот и ќе ги бојкотира изборите, домашните политиколози велат дека тоа ќе има директен импакт врз довербата на граѓаните во институциите на системот.
Губи демократијата, вербата во демократијата од страна на граѓаните и за тоа да се надмине партиите мора да ги напуштат тесно-партиските интереси и да покажат волја за изнаоѓање заедничко решение.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Во услови кога и власта и опозицијата не покажуваат волја за наоѓање заеднички јазик, поразена е демократијата, вели универзитетскиот професор Здравко Савески.
Архивска фотографија: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски пристигнува на 14-тата годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на 17 декември 2011 година.
Архивска фотографија: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски пристигнува на 14-тата годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на 17 декември 2011 година.

„Губи демократијата, вербата во демократијата од страна на граѓаните и за тоа да се надмине партиите мора да ги напуштат тесно-партиските интереси и да покажат волја за изнаоѓање заедничко решение.“

За политичкиот аналитичар Рамадан Рамадани од институтот Нисма, бојкотот на изборите од страна на опозицијата пред се ќе се одрази на процесот на децентрализација, но и на македонските евроинтерграции.
Ние немаме само прогласување на избори и донесување на буџетот на нелегитимен начин, туку имаме и сериозно кршење на Уставот со исфрлувањето на опозицијата од парламентот и мешање на извршната во законодавната власт.
Рамадан Рамадани, политичкиот аналитичар.

„На децентрализацијата ќе се одрази со тоа што ќе се промени соодносот помеѓу таканаречените албански и македонски општини. Може некаде Албанците да изгубат општина затоа што ќе биде само еден кандидат Македонец или обратно. Со тоа повторно ќе се проблематизира процесот на децентрализација.“

Според Савески, власта мора да прифати засилена меѓународна контрола на изборниот циклус. Опозицијата, пак, мора да биде внимателна со поставувањето услови, оти тоа може да ѝ се врати како бумеранг, посочува Савески.

„Може поради дадени свои ставови да си го блокира своето учество на локалните избори, а тоа од нивна гледна точка ќе биде доста погубно бидејќи би изгубиле општини на кои може сигурно да се сметаат ако се одржат избори и ако тие избори бидат регуларни.“

Сега, откако и двете страни си го кажаа своето, тешко е да се прогнозира натамошниот политички развој на настаните, вели Рамадани. Не очекува промени во однесувањето на опозицијата, оти, како што вели, таа треба да докаже дека последните настани во Собранието значат повреда на Уставот и демократските вредности во едно општество.

„Ние немаме само прогласување на избори и донесување на буџетот на нелегитимен начин, туку имаме и сериозно кршење на Уставот со исфрлувањето на опозицијата од парламентот и мешање на извршната во законодавната власт.“

Веќе е познато дека извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука според која не се поддржува одржување и на парламентарни избори во март, а опозицијата е повикана да се врати во институциите на системот, каде може да се води дијалог. СДСМ преку соопштение возврати дека „во вакви услови невозможно е да се одржат само локални избори, бидејќи тоа би значело легитимирање на однесувањето на власта, а сите оние кои би излегле на тие избори би станале соучесници во укинувањето на демократијата“.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG