Достапни линкови

Дали религијата го унапредува општеството?


Религијата е како слон во порцелански дуќан во однос на човековите права или, пак, е услов за постоење на секое општество?

Религијата во однос на човековите права функционира како слон во порцелански дуќан, каде и да се сврти ќе скрши нешто. Вака ја опиша религијата професор Љубомир Фрчкоски на дебатата „Аргумент“ организирана од Младинскиот образовен форум, на тема „Дали религијата го унапредува општеството или не“.
Тоа би значело дека денешното општество е порцелански дуќан, многу убав, јас со тоа не би се согласил. Јас знам дека современите согледувања ја акцептираат вероисповедта како приватно право и велат се е супер, ама луѓе нека ви биде тоа приватно право, затвори се во соба, моли се, прави што сакаш , но кога ќе излезеш биди си наш. Искрено на мене тоа ми личи на на шизофренија, не можам да бидам свој само дома. Не значи дека морам да бидам насилен, ако некој не е „мој“ во таа смисла.
Игор Калпаковски, свештеник.

Фрчкоски, кој беше дел од негацискиот тим, зборувајќи за социјалната улога на религијата, вели дека таа станува агрегат на политичка моќ и дека во транзициско општество како македонското, нејзиното влијание е скромно и никакво во поглед на неговото унапредување.
Афирмативниот тим.
Афирмативниот тим.

„Исклучително хејтерски групи има на социјалните мрежи, врзани за религиските ставови, да не го споменувам плоштадот, да не ги споменувам тие групи, изразот на таа нетолеранција кон разни малцинства, но исклучително хејтерски манир на мрежите е поврзан со хејтерски групации, тоа е тој социјален импакт кој е многу проблематичен.“

Тој додава дека религиското мешање во политиката го става насилството зад првата кривина, односно дека врската меѓу инстуционалната религија и политиката е секогаш кобна.

Отец Игор Калпаковски кој беше дел од афирмативниот тим не се согласува со тезата дека религијата во однос на човековите права функционира како слон во порцелански дуќан.
Види мајката што бараат до мене, да се конфронтирам со „Grand master“, со некој што досега не исгубил ниту еден натпревар со човек, а да бидам во екипа со човек, кој изгубил од Ѓорге Иванов.
Сашо Мацановски-Трендо, уредник на off.net.mk.

„Тоа би значело дека денешното општество е порцелански дуќан, многу убав, јас со тоа не би се согласил. Јас знам дека современите согледувања ја акцептираат вероисповедта како приватно право и велат се е супер, ама луѓе нека ви биде тоа приватно право, затвори се во соба, моли се, прави што сакаш , но кога ќе излезеш биди си наш. Искрено на мене тоа ми личи на на шизофренија, не можам да бидам свој само дома. Не значи дека морам да бидам насилен, ако некој не е „мој“ во таа смисла.“
Негацискиот тим.
Негацискиот тим.

Сашо Мацановски - Трендо на шега се запраша зошто е дел од негацискиот тим .

„Како си го преведов јас тоа – Види мајката што бараат од мене, да се конфронтирам со „Grand master“, со некој што досега не изгубил ниту еден натпревар со човек, а да бидам во екипа со човек кој изгубил од Ѓорге Иванов.“
Овде некој праша каква е улогата на религијата во социо-економскиот развој и меѓуетничките односи, ние правиме катастрофална грешка и забораваме дека етничкиот идентитет е различен од верскиот.
Билјана Ванковска, универзитетски професор.

Професор Билјана Ванковска, коментирајќи го однесувањето на претставниците на ИВЗ и МПЦ во земјава, истакна дека дел од нив си дозволуваат да се стават себеси во функција на портпароли на владата.

„Архепископот на МПЦ не е портпарол на Владата, тој не може да зборува што му се случува на премиерот во Тирана, тоа не е негова работа. Понекогаш си мислам дека кога јас би била свештеник, подобро би ја вршела свештеничката работа, би се грижела за душата и благосостојбата на луѓето, а не за политичките дејанија. Потоа чувме еден претставник на ИВЗ кој создаваше држава, кој велеше дека Господ решил сите Албанци ќе живееле заедно. Овде некој праша каква е улогата на религијата во социо-економскиот развој и меѓуетничките односи, ние правиме катастрофална грешка и забораваме дека етничкиот идентитет е различен од верскиот.“
Одредени поединци или групи ја замолчуваат црквата, дека во секуларно општество местото на црквата е во рамките на ѕидовите на црквата, што мислам дека не е во ред.
Владо Јовановски, актер.

Таа додаде не се плаши од обезбожени политичари, туку од тие кои што сметаат дека имаат директна врска со некој од „горе“ затоа што до нив не може да стигне граѓанскиот збор, а тоа е главен проблем во религијата затоа што таа не трпи критика ниту шега, ниту карикатура.

Актерот Владо Јовановски смета дека во секуларно општетсво црквата не треба да биде замолчена, а проблемот е во тоа што не треба да се поистоветува религијата со постапките на поедници.

„Проблемот настанува секогаш кога црквата која има и право и должност да каже свое мислење и став по многу значајни општествено-политички теми што не тангираат сите, добар дел од јавноста веднаш фрла дрва и камења и наместо да се зборува за кажаното за тоа дали искажаниот став кореспондира со изворното христијанство, најчесто одредени поединци или групи ја замолчуваат црквата, дека во секуларно општество местото на црквата е во рамките на ѕидовите на црквата, што мислам дека не е во ред.“

На тоа се надоврзува и професорот Ферид Мухиќ кој вели дека е нелогично да одземе правото на религијата да се меша во политиката.

„Што значи тоа? Нема право некаде да се меша, постои некој монопол во општеството, недостапен за други и тоа за цел сектор на оние кои веруваат и притоа и во политика, при што politicos значи заедничка работа, bios politikos e животот на сите заедно, во она што е заедничко немаме право да се мешаме.“

Мухиќ смета дека религијата не само што го унапредува општеството, туку таа е услов за постоење на секое општество. Но, од друга страна, негацискиот тим смета дека проблемот не лежи во учењата на религијата туку во нејзината злоупотреба и идентитетско бетонирање на нешта кои знаат да бидат конфликтни, а тогаш настануваат сериозни проблеми.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG