Достапни линкови

21 година силна и решителна


Дарко Давитковски, претседател на СДММ.
Дарко Давитковски, претседател на СДММ.

Ние младите треба да бидеме пример како се рушат границите кога станува збор за младински политики, пишува претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија Дарко Давитковски во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

На 9 ноември Социјалдемократската младина на Македонија го прослави својот 21 роденден. Како подмладок на Социјалдемократскиот сојуз постои од 1991 и од самите почетоци се наметнува како движечка сила во партијата, но и поттикнувач на тогаш нови движења и идеи кои понатаму ќе бидат преточени во бројни законски и други решенија за младите во Република Македонија.
Младите во текот на овие 21 година во СДММ препознаа една сериозна политичка младинска организација која секогаш е подготвена да застане во одбрана на нивните интереси, а не ретко во СДММ го наоѓаа просторот каде можат јавно да го искажат својот став и истиот да го промовираат и бранат во јавноста.

Секако дека во минатото СДММ имала и растови и падови, а сите тие придонесоа да го добие денешниот лик. Со задоволство можам да кажам дека успеа да ги издржи сите притисоци во целото свое постоење, покажувајќи ја својата упорност и цврстина но и својата решителност и иновативност.

Младите во текот на овие 21 година во СДММ препознаа една сериозна политичка младинска организација која секогаш е подготвена да застане во одбрана на нивните интереси, а не ретко во СДММ го наоѓаа просторот каде можат јавно да го искажат својот став и истиот да го промовираат и бранат во јавноста.

Следејќи ги европските политики и правата на помалку застапените групи, СДММ застана во одбрана на половата рамноправност и првото барање да биде вклучено како загарантирано право со Статутот на партијата, за подоцна да биде прифатено како законско загарантирано право.

Како подмладок, секогаш бевме вклучени во одбрана на правдата, бевме застанати во првите редови кога се водеше дебата за Законот за млади во форма каква што ќе го скратеше правото на младиот човек да биде вклучен во општествените процеси.
Не смееме и нема да дозволиме да бидат занемарени основните човекови вредности за сметка на самоволието на мала група луѓе кои ги влечат конците во рака, чиниш Македонија се претвори во куклен театар.

За жал, на сите млади луѓе во државата изминативе години се имуни на силниот национализам наметнат од владејачката ДПМНЕ. Тоа се години на расфрлање со народни пари, непочитување на основни човекови права и слободи, полициска бруталност, загрозување на слободата на говорот, затворање на медиуми и новинари и слично. Меѓу првите кои го кренаа својот глас против овие појави беше и СДММ. Не смееме и нема да дозволиме да бидат занемарени основните човекови вредности за сметка на самоволието на мала група луѓе кои ги влечат конците во рака, чиниш Македонија се претвори во куклен театар.

Наша одговорност е да испратиме јасна и силна порака дека за нас меѓу врвните приоритети на нашето делување секогаш ќе бидат градењето соживот, толеранцијата, меѓусебното разбирање и почитување без разлика на половата, верската, етничката и каква било друга припадност. Пријателството, заедништвото и слогата ќе бидат нашите аргументи во борба за она што е наше и за она што природно ни припаѓа.

Во изминатиот период го покажавме своето несогласување во однос на политички случувања од најразлична природа. И секогаш сме на страната на младиот човек, секогаш сме во одбрана на основните начела на почитување, вреднување и достоинство. Секогаш сме се залагалe и ќе се залагамe за социјална правда и социјална демократија. Ние одамна сфативме дека ова е единствениот начин за трасирање на патот кон Евро-атлантските интеграции. Покажавме дека можеме да бидеме еднакви со сите сестрински партии во регионот (СД9), во Европа како рамноправна членка на ECOSY и полноправна членка на меѓународната организација IUSY.

И затоа велат иднината останува на младите, но ние треба да кажеме во каква иднина сакаме да живееме. Ние младите треба да бидеме пример како се рушат границите кога станува збор за младински политики. И мора да покажеме дека интересот на младите е секогаш на прво место. Неке ни е среќен 21-виот роденден.
XS
SM
MD
LG