Достапни линкови

Еколошки инцидент во Охридското Езеро од албанска страна


Отпадни води се излеваат во Охридското Езеро во Албанија.
Отпадни води се излеваат во Охридското Езеро во Албанија.

Во албанскиот дел на Охридското Езеро кај селото Дрилон викендов поголеми количини на непречистени води се влеале во езерото, веројатно поради дефект на пречистителната станица.

Еколошки инцидент се случи во албанскиот дел на Охридското Езеро кога поголеми количини на запенета вода се влеваат директно во езерото кај селото Дрилон во близина на граничниот премин Свети Наум, предупредуваат охридските екологисти.
Оваа вода што доаѓа после процесот има и концентрација на фосфор. Причина за појавата на пена е што водата преку пумпи се влева во езерото, па притисокот на пумпите бил далеку поголем и не е резултат од работењето на некоја фабрика што работи. Ова не е нешто ново.
Аријан Мероли, претставник на Албанија во Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро.

Отпадни води се излеваат во Охридското Езеро во Албанија.
Отпадни води се излеваат во Охридското Езеро во Албанија.
​Од Еколошкото друштво Грашница од Охрид велат дека е недозволиво на ваков начин некој да си поигрува со езерото. Од таму велат дека по електронски пат веднаш побарале мислење од градските власти во Подградец, но оти сè уште не добиле одговор. Единствено се огласи Аријан Мероли, претставник на Албанија во Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро. Според него, не станува збор за еколошка катастрофа, туку за чисто технолошки процес. Причина е што пречистителната станица кај Подградец е во фаза на имплементирање на третата фаза за хемиско пречистување на отпадните води.

„Оваа вода што доаѓа после процесот има и концентрација на фосфор. Причина за појавата на пена е што водата преку пумпи се влева во езерото, па притисокот на пумпите бил далеку поголем и не е резултат од работењето на некоја фабрика што работи. Ова не е нешто ново“, рече Мероли.
Извори на фосфор се земјоделието, домаќинствата, септичките јами, а знаеме дека во Албанија претежно има септички јами. Тие се оптеретени ако не се празнат и со тоа може да дојде до директно влевање во Охридското Езеро и со самото тоа создавање на фосфор и еколошки проблем на Охридското Езеро.
Лазо Наумоски, екологист.

Екологистот Лазо Наумоски вели дека фосфорот претставува голема еколошка опасност за езерото. Според него, кога се градел колекторскиот систем на Охридското Езеро требало да се реализира првичниот план за изградба на колектор околу целото езеро. Сега дел од отпадните води од земјоделието, домаќинствата, индустријата, и рударството непрочистени се влеваат во езерото. Според Наумоски, причина за појавата на фосфорот во езерото најверојатно е недоброто функционирање на пречистителните станици во албанскиот дел.

„Да да, извори на фосфор се земјоделието, домаќинствата, септичките јами, а знаеме дека во Албанија претежно има септички јами. Тие се оптеретени ако не се празнат и со тоа може да дојде до директно влевање во Охридското Езеро и со самото тоа создавање на фосфор и еколошки проблем на Охридското Езеро.“

РСЕ: Тоа е поради нефункционирање на пречистителните станици?

„Да, да тоа е. Ние сега ќе мора да размислуваме да изградиме еден добар колекторски систем кој би го опфатил целиот брег на Охридското Езеро“, вели Наумоски.

Фосфорот ја предизвикува најнепосакуваната појава за нашето езеро, а тоа е збогатување со органски материи. Хранењето на езерото со фосфор преку вакви инциденти енормно го забрзува растот на водната вегетација која потоа се распаѓа и се појавува недостаток на кислород неопходен за нормален живот на водниот свет. Се јавува домино ефект, а пастрмката е прва на удар. Тоа може да се спореди со канцер кој придонесува за побрзо стареење и умирање на езерото, т.е. крајна фаза мочуриште, велат од ЕД Грашница.
XS
SM
MD
LG