Достапни линкови

Атина, Софија и Букурешт со усогласен став за Скопје


Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов.
Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов.

Бугарија, Грција и Романија сакаат да видат доказ дека Скопје има добрососедски намери. Вака бугарските медиуми ја опишаа денешната средба во Софија на министрите за надворешни работи од овие земји.

Атина, Софија и Букурешт обединети околу прашањето за Македонија. Сакаат Скопје да ги докаже своите намери за добрососедските односи, но не прецизираа дали ќе ѝ дозволат на земјата да добие датум за преговори за членство во Европската унија на декемврискиот самит. Вака бугарските медиуми ја опишуваат денешната средба во Софија на министрите за надворешни работи на Грција, Бугарија и Романија.
Тие ни испратија писмо, ние го отворивме писмото, но реално сè уште немаме одговор.
Димитрис Аврамопулос, шеф на грчката дипломатија.

Грчкиот шеф на дипломатијата Димитрис Аврамопулос, на заедничката прес-конференција изјави дека одговор на Меморандумот што го испратил до Скопје не добил.
Димитрис Аврамопулос, министер за надворешни работи на Грција.
Димитрис Аврамопулос, министер за надворешни работи на Грција.

„Тие ни испратија писмо, ние го отворивме писмото, но реално сè уште немаме одговор.“

Аврамопулос изјавил дека „што се однесува до името на поранешната југословенска Република Македонија“, тоа е важно да се реши и го отвора патот кон Европската унија.

„Ние имаме добри чувства кон соседите, но за членство во Унијата има услови.“
Наша желба е да се вратат принципите кои во 1999 година беа потврдени од тогашните премиери на двете држави, а со кои се затвораат во голем степен сите можни билатерални прашања меѓу двете земји.
Николај Младенов, министер за надворешни работи на Бугарија.

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов изјави дека Бугарија нема проблем со Македонија, туку со националистичките изјави на некои македонски политичари.

„Наша желба е да се вратат принципите кои во 1999 година беа потврдени од тогашните премиери на двете држави, а со кои се затвораат во голем степен сите можни билатерални прашања меѓу двете земји.“

Младенов додаде дека тие принципи треба уште еднаш да се потврдат, но овојпат со дела.

Бугарските медиуми пишуваат дека Софија гласно размислува на самитот во декември да не поддржи давање датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ. Младенов вели дека ако има желба од Скопје во нормален билатерален дијалог да се бара одговор на отворените билатерални прашања.

Романскиот министер Титус Корљецан посочи дека Букурешт секогаш го поддржува проширувањето на Европската унија за земјите од Балканот, но потребен е поактивен дијалог меѓу соседите за да се решат спорните прашања.

За време на состанокот, министрите разговарале за создавање на постојан механизам за координација меѓу трите држави за сите прашања врзани за европската агенда и регионална соработка во Југоисточна Европа, особено за прашањата кои се однесуваат на безбедноста.

Идејата е да се создаде постапка во која земјите ќе може да разменуваат дипломати, за да може да се постигне подобра координација за време на трите претседателства.

Грција ќе го преземе ротирачкото претседателство со ЕУ во 2014, а Бугарија и Романија во 2018 и 2019 година.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG