Достапни линкови

Различни толкувања за препораките на ОБСЕ/ОДИХР


Опозицијата критикува дека владините предлози се шминкерски, а мнозинството дека предлозите на опозицијата не се во согласност со препораките на ОБСЕ.

Власта и опозицијата и натаму во непомирливи разлики, овој пат на тема чии предлози ги имплементираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР за измени во изборната регулатива. Опозицијата за владините предлози дека се шминкерски, а мнозинството за опозиционите дека не се во согласност со препораките на ОБСЕ, особено поради барањето на СДСМ да им се забрани настап на јавните функционери за време на изборната кампања.
Ние на некој начин полагаме испит дали навистина сме демократска држава, дали ги исполнуваме условите кои се поврзани со политичкиот дијалог и треба да бидат резултат на политичкиот дијалог за нашето зачленување - и во структурите на НАТО и во структурите на ЕУ.
Осман Кадриу, универзитетски професор.

Ова е сигнал дека власта и опозицијата треба да ги направат неопходните чекори за подобрување на меѓусебниот дијалог со оглед на тоа дека измените се обврска и одговорност, а законското спроведување на изборите уште еден тест за демократијата во земјава, вели професор Осман Кадриу.

„Ние на некој начин полагаме испит дали навистина сме демократска држава, дали ги исполнуваме условите кои се поврзани со политичкиот дијалог и треба да бидат резултат на политичкиот дијалог за нашето зачленување - и во структурите на НАТО и во структурите на ЕУ“, вели Кадриу.

Ако сегашните несогласувања резултираат со неодржување на изборите, тоа би ја довело државата во севкупна криза за која ќе бидат одговорни партиите во парламентот, додава Кадриу, кој очекува и дека меѓународната заедница ќе врши и понатамошни притисоци за да се хармонизира изборното законодавство со нејзините препораки. Ова, оттаму што овие проблеми повлекуваат лоши оценки и за политичкиот дијалог, но и за работата на парламентот.

„Ако не се прифатат насоките, размислувањата, предлозите на меѓународната заедница треба да очекуваме дека во наредниот извештај за прогресот на нашата држава ќе имаме повторно негативна оценка и за оваа област“, додава Кадриу.

Одделувањето на државата од политичките партии, обезбедувањето правна заштита од незаконско финансирање на изборната кампања, транспарентност во работењето на ДИК, се дел од измените кои ги предложи Министерството за правда. СДСМ не се согласува дека со тоа се докрај спроведени препораките од ОБСЕ и се сомнева дека со тоа власта подготвува терен за избори кои нема да бидат фер и демократски спроведени.
XS
SM
MD
LG