Достапни линкови

Дуинг бизнис - Убава, но нереална слика


Илустрација.
Илустрација.

Извештајот Дуинг бизнис на Светската банка дава убава слика за нас пред светот, но нема многу врска со реалноста, велат упатените.

Дава убава слика за нас пред светот, но нема многу врска со реалноста, ова се генералните коментари на познавачите на сосотојбите во македонската економија по објавувањето на годинешниот извештај на Светската банка на Дуинг бизнис листата, каде што земјава се најде на 23 тото место.
Имаме динамичен и континуиран тренд на намалување на индустриското производство и од тука се поставува прашање дали политиките на владата во делот на раздвижување на бизнисот, а и моменталната политика успеваат да дадат одговор на дадените проблеми.
Зоран Ивановски, универзитетски професор.

Овој рејтинг се должи на неколкуте спроведени реформи за привлекување на странските инвеститори и на добриот маркетинг, сметаат експертите, и не е лош како порака до нив, но реалноста е многу поинаква.

„Имаме динамичен и континуиран тренд на намалување на индустриското производство и од тука се поставува прашање дали политиките на владата во делот на раздвижување на бизнисот, а и моменталната политика успеваат да дадат одговор на дадените проблеми“, вели професор Зоран Ивановски.

Се поставува прашањето дали на странските инвеститори треба да им се понуди вака позитивна слика или треба сепак да им се престави реалноста со која ќе се соочат кога би дошле во Македонија, вели претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи. Оттука, на прво место, според него, треба да се работи на доследни и доречени закони.
Да не биде само привлекување - дојдете тука затоа што ќе ве регистираме за 4 часа, ќе плаќате ич данок, нема да плаќате ДДВ и нема да плаќате данок на имот, а од друга страна, пак, ќе видимe кои од трошоците ќе ви бидат признаени, или ќе ви кажат тука имате непризнаени трошоци.
Мендерес Кучи, Стопанска комора на северозападна Македонија.

„Да не биде само привлекување - дојдете тука затоа што ќе ве регистираме за 4 часа, ќе плаќате ич данок, нема да плаќате ДДВ и нема да плаќате данок на имот, а од друга страна, пак, ќе видимe кои од трошоците ќе ви бидат признаени, или ќе ви кажат тука имате непризнаени трошоци.“

Странските инвеститори треба да ја знаат и реалноста, а таа покажува бројни негативни параметри. Во прв ред показателите за тоа како се движи економијата имаат надолни тенденции што во реалноста и се манифестира преку нараснувачка сиромаштија, голема невработеност и слаба мотивираност на домашните стопанственици, велат експертите.

Од друга страна, се разбира дека странските инвеститори покрај овие показатели ги анализираат и сите други податоци кои се однесуваат на амбиентот за водење бизнис во земјата и не инвестираат врз основа на една кратка анализа, додава професорот Ивановски.

„Ако разговарате со бизнис секторот, дали е домашен или странски, секаде се појавуваат прашања и проблеми кои ги нагласуваат во делот на работењето со државата или обезбедување на електрична енергија или, пак, на цени на одредени услуги.“

Македонија годинава се најде на 23 место од вкупно 185 земји во најновиот извештај на Дуинг бизнис за 2013 година што го објави Светска банка, а се однесуваат на реформите спроведувани во периодот од мај 2011 до мај 2012. Зад нас се Словенија, Црна Гора, и Бугарија. На 84 место е Хрватска, Албанија е веднаш зад неa, а на 86 место е Србија. Косово е на 98 позиција, додека Босна и Херцеговина се наоѓа на 126 место.
XS
SM
MD
LG