Достапни линкови

Нема репрезентативци од домашното првенство


Натпреварот Македонија-Србија на Арената Филип Втори во Скопје на 17 октомври 2012 година.
Натпреварот Македонија-Србија на Арената Филип Втори во Скопје на 17 октомври 2012 година.

На средбите со Хрватска и со Србија, со исклучок на вардарците Ѓорѓиев и Стјепановиќ кои не одиграа ниту една минута, ниту еден член на македонските клубови не беше во комбинација за настап.

Победата над Србија и добрите игри на стартот на квалификациите за СП во Бразил, кај македонските љубители на спортот ја вратија вербата во фудбалската репрезентација. Таа по подолго време оствари напредок од дури 20 позиции на ранг листата на ФИФА (во ноември треба да се искачиме на 83-тото место), што ги зголеми надежите дека конечно во едни квалификации ќе обезбедиме подобар пласман од четвртото место во групата.
Проблем е квалитетот на нашето домашно првенство, затоа што немаат доволен број квалитетни натпревари и нормално не можат да ги покажат своите квалитети во вистинско светло. Можеби тие вредат повеќе, но сигурно овие што се надвор имаат посилни натпревари и сигурно можат повеќе да покажат и повеќе можат да одговорат на задачите во квалификации за Светско првенство или за Европско првенство. А, нашево првенство е на најнизок ранг.
Драги Сетинов, фудбалски работник и поранешен фудбалер.

Колку е тоа реално ќе видиме од март наредната година, кога ќе продолжат квалификациите, во кои барем досега селекторот Чедомир Јаневски има доверба само во фудбалерите кои играат во странство. На средбите со Хрватска и со Србија, со исклучок на вардарците Ѓорѓиев и Стјепановиќ кои не одиграа ниту една минута, ниту еден член на македонските клубови не беше во комбинација за настап.

За разлика од претходно, сега од ваквата одлука на селекторот, барем јавно, никој не е изненаден, иако, според многумина, вклучувајќи го и репрезентативецот од поранешна Југославија и 15-ина години фудбалски работник во Македонија, Драги Сетинов, тоа не значи дека домашните играчи немаат квалитет за репрезентацијата.

„Проблем е квалитетот на нашето домашно првенство, затоа што немаат доволен број квалитетни натпревари и нормално не можат да ги покажат своите квалитети во вистинско светло. Можеби тие вредат повеќе, но сигурно овие што се надвор имаат посилни натпревари и сигурно можат повеќе да покажат и повеќе можат да одговорат на задачите во квалификации за Светско првенство или за Европско првенство. А, нашево првенство е на најнизок ранг“, изјави Сетинов.
Клубовите мора многу повеќе да вложуваат, многу повеќе да се подобри инфраструктурата за тие млади играчи да имаат подобри услови за да се подигне нивото и квалитетот. И со тоа кога подобро ќе работат, кога ќе бидат подобро организирани клубовите, сигурно ќе има и многу поквалитетна лига и поквалитетни фудбалери што ќе можат да играат и во А репрезентација на Македонија.
Зоран Бошковски, поранешен фудбалер.

Слично размислува и човекот кој 16-те средби во црвено-жолтиот дрес ги одигра како фудбалер од домашното првенство, стрелецот на првиот репрезентативен гол, Зоран Бошковски - Чоко. Тој смета дека европските стандарди се подигнаа на многу повисоко ниво од она на кое долги години стои нашиот клупски фудбал. Затоа мали се шансите играчите од македонското првенство да влезат во реална конкуренција за настап во репрезентацијата.

„Клубовите мора многу повеќе да вложуваат, многу повеќе да се подобри инфраструктурата за тие млади играчи да имаат подобри услови за да се подигне нивото и квалитетот. И со тоа кога подобро ќе работат, кога ќе бидат подобро организирани клубовите, сигурно ќе има и многу поквалитетна лига и поквалитетни фудбалери што ќе можат да играат и во А репрезентација на Македонија“, истакна Бошковски, додека, според Сетинов, покрај тоа што сите клубови мора да имаат Академии со помошни игралишта и соблекувални за сите категории, многубројните постоечки терени не смеат да седат неискористени.

„Се направија некои терени низ Македонија од кои можеби 20 отсто се користат, другите 80 проценти пропаѓаат. Тука е грешката. Треба да се дадат тие терени на луѓе кои сакаат да работат, кои ќе отворат школи, кои ќе отворат Академии за фудбал. Само така можеме да направиме нешто“, додава Сетинов.
XS
SM
MD
LG