Достапни линкови

Уште еден ЕУ самит за спас на еврото


Европските лидери денеска во Брисел повторно ќе расправаат како да го спасат еврото и како да им помогнат на земјите кои имаат голем долг, а мал економски пораст. Како и на претходните четири годинава, посветени на финансиската криза, и на овој не се очекуваат суштествени одлуки. Тоа пак, ја зголемува загриженоста за можното решавање на проблемот.

Дводневниот самит ветува дека ќе биде само уште една станица на долгиот пат на заздравувањето, овој пат на банкарскиот систем. Евролидерите ќе дискутираат како да ги поддржат банките во 27 земји членки на Европската унија, што е само еден дел од големата тригодишна криза.
Европската комисија претстави законски предлози за единствен, европски надзорен механизам за еврозоната. Тоа е отскочна даска за банкарскиот унија. Кризата покажа дека иако банките стана транснационални, правилата и надзорот останаа национални, како и дека кога работите не се во ред тоа го плаќаат даночните обврзници.
Жозе Мануел Баросо, претседател на Европската комисија.

Состанокот е 22 по ред од појавата на финансиските проблеми во Грција во 2009 година. Со цел тие да не се продолжат и во наредните години Унијата размислува за формирање банкарска унија, но некои земји не се многу заинтересирани за овој проект.

Тоа особено откако Европската централна банка минатиот месец објави дека е подготвена да откупува обврзници од задолжените земји во еврозоната и тоа во неограничени суми и под стриктни услови.

„Европската комисија претстави законски предлози за единствен, европски надзорен механизам за еврозоната. Тоа е отскочна даска за банкарскиот унија. Кризата покажа дека иако банките стана транснационални, правилата и надзорот останаа национални, како и дека кога работите не се во ред тоа го плаќаат даночните обврзници“, изјави деновиве претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во Европскиот парламент во Стразбур.
Генерално идеите за банкарската унија се многу интересни. Исто така, и оние за прашањата поврзани со пазарите на обврзници. Моето големо прашање е дали овие работи ќе бидат имплементирани брзо. Мислам дека тие идеи се добри, но ако остануваат теорија тогаш разочарувањето ќе биде уште поголемо.
Карел Лану, главен финансиски експерт во Центарот за европски политички студии во Брисел.

Предлогот за банкарска унија, поддржан од лидерите на нивниот состанок во јуни, е првата од четирите фази на стратегијата за превенција на идните кризи. Другите се: буџетска унија, економска унија и политичка унија.

Првата цел, онаа со банките, креирање на единствен банкарски супервизор под закрилата на Европската централна банка требаше да биде постигната до јануари идната година. Но, по се изгледа тоа нема да биде сторено ни до 2014 година.

Лидерите сега се соочуваат со решавање на два вида проблеми: итни, како Грција, Кипар, Португалија и Шпанија, и оние долгорочни, како поставување структурна основа врз која ќе се развива заедничкиот европроектот.

А токму натамошната подлабока дискусија за планот за банкарска унија, според експертите, ќе покаже колку многу се сложени финансиските проблеми во еврозоната.

„Генерално идеите за банкарската унија се многу интересни. Исто така, и оние за прашањата поврзани со пазарите на обврзници. Моето големо прашање е дали овие работи ќе бидат имплементирани брзо. Мислам дека тие идеи се добри, но ако остануваат теорија тогаш разочарувањето ќе биде уште поголемо“, вели Карел Лану, главен финансиски експерт во Центарот за европски политички студии во Брисел.

И тука не станува збор само за временската рамка кога би требало да профункционира надзорниот механизам, туку и за тоа како би можело да функционира.

Земјите надвор од еврозоната, особено Британија која има огромен банкарски сектор, се загрижени дека нивните банки би можело да бидат обесправени во однос на оние во еврозоната.

Ваквите тешкотии нема да бидат испегални на дводневниот самит во Брисел, а можеби, како што оценуваат експертите, тоа нема да се случи и во наредните неколку месеци.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG