Достапни линкови

Блага зима - спас од поскапувањето на струјата и парното


Илустрација.
Илустрација.

Она што предизвикува радост кај оние кои зимата ја пречекуваат со понизок стандард е засега убавиот сончев почеток на октомври.

Во новата грејна сезона која почнува од 15 овој месец греењето на струја би требало да претставува луксуз, со последната корекција на цената. Луѓето панично реагираат на вестите од странските берзи од кои зависат цените на енергенсите и образложенијата што им се даваат со сè почестите поскапувања. Исто така децата почнаа на училиште, семејните буџети максимално се празнат, а имаше бранови поскапувања во текот на годината, па сега не е евтин ниту пазарот, реагираат луѓето.
Евтина беше струјата, сега е многу скапа. Лошо е што ја укинаа дневната евтина тарифа, зашто е погодена сиромаштијата, не се погодени оние семејства каде што двајца работат, ќе си дојдат од работа во 4 и имаат пари, ама оние што седат дома од 1 до 4, тие се погодени и се греота луѓето.
Анкетиран граѓанин.

„Не сакам да пресметувам, ме фаќа паника уште сега.“

„Ќе видиме како ќе биде, зависи Топлификација како ќе се однесува, дали ќе намали, дали ќе зголеми.“
Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата.
Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата.

„Како лани нема да биде, поскапо ќе биде“, велат анкетираните граѓани.

Неодамна владата јавно се пожали дека нема никакво влијание во одредувањето на цената на енергенсите, но се обиде да ја утеши јавноста со тоа што објави дека за 10 проценти се намалува цената на огревното дрво.
Па времето засега за сиромавиот е добро. Инаку грејната сезона, не знам, немам зборови, се плашам дали ќе можам да ја поминам грејната сезона со три кубика дрва.
Анкетиран граѓанин.

Владата која сака да покаже дека подеднакво мисли за сите граѓани, сепак, како да ги дели во две категории според тоа кој како се грее, реагираат луѓето. Додека во светот се стимулира потрошувањето на гасот, кај нас продолжува политиката на неподносливи цени поради кои се штеди на квалитетот на живот, коментираат луѓето.

„Евтина беше струјата, сега е многу скапа. Лошо е што ја укинаа дневната евтина тарифа, зашто е погодена сиромаштијата, не се погодени оние семејства каде што двајца работат, ќе си дојдат од работа во 4 и имаат пари, ама оние што седат дома од 1 до 4, тие се погодени и се греота луѓето“, вели еден граѓанин.

Она што секако предизвикува радост кај оние кои зимата ја пречекуваат со понизок стандард е засега убавиот сончев почеток на октомври.

„Па времето засега за сиромавиот е добро. Инаку грејната сезона, не знам, немам зборови, се плашам дали ќе можам да ја поминам грејната сезона со три кубика дрва.“

„Оваа година ќе се молиме времето да биде потопло.“

„Оваа зима ако биде како што беше лани, под 15 илјади не може да се грее, Значи, зборувам за стан од 70 квадрати. Не знам кој може да се грее со помалку“, велат граѓаните.

Со просечна заработувачка која е нешто повиска од 21 илјада денари тешко е да се подмират сите потреби на едно семејство. Треба да потсетиме дека семејствата во Македонија трошат околу 60 проценти од приходите на основни потреби, храна и комуналии.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG