Достапни линкови

Филе - Нема почеток на преговори без решение за името


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Да се верува дека ќе се оди напред и кога сè е направено, ние тогаш да почнеме да се осврнуваме на прашањето за името верувајќи дека така ќе биде полесно – тоа е многу опасен концепт, тоа нема да успее, вели еврокомесарот за проширување Штефан Филе во интервју за Радио Слободна Европа.

Многу опасен концепт е да се верува дека може да се оди напред кон преговори за пристапување на Македонија во ЕУ, а при тоа прашањето за спорот за името да се остави за на крајот од преговорите. Ова, во интервју за Радио Слободна Европа кое во целост ќе се емитува в недела, го изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Тој смета дека е наивно да се верува дека Македонија ќе започне преговори без решен спор за името.
Да се верува дека ќе се оди напред кога сè е направено, ние тогаш да почнеме да се осврнуваме на прашањето за името верувајќи дека така ќе биде полесно – тоа е многу опасен концепт, тоа нема да успее. Сè наредно е до членовите на Унијата, не сакам да прејудицирам што ќе се случи во декември, би ги намалил очекувањата тука. Членките на Унијата се јасни за тоа која е нивната позиција за прашањето за името и што треба да се направи.
Штефан Филе, еврокомесар за проширување.

„Како прво, знам дека можноста да се чува или остави тешкото прашања за на крајот на процесот не е реално. Да се верува дека ќе се оди напред и кога сè е направено, ние тогаш да почнеме да се осврнуваме на прашањето за името верувајќи дека така ќе биде полесно – тоа е многу опасен концепт, тоа нема да успее. Сè наредно е до членовите на Унијата, не сакам да прејудицирам што ќе се случи во декември, би ги намалил очекувањата тука. Членките на Унијата се јасни за тоа која е нивната позиција за прашањето за името и што треба да се направи. Ние уште не сме ги направиле првите чекори, ние уште не сме го усвоиле извештајот за напредокот, таму е важната препорака. Јас очекувам дека членките на ЕУ во декември ќе дејствуваат по неа, јас многу се надевам дека ќе ги земат предвид и тие позитивни елементи кои ги донесе дијалогот на високо ниво, но повторно ќе кажам, би било наивно да се верува дека сето тоа може да се случи, дека може да се донесат позитивни одлуки, паркирајќи го спорот за името некаде на напуштен паркинг на крајот на овој долг пат“, рече Филе.
Не можат ни да ни признаат ни тие, ни тие што беа пред нив дека дозволивме името да биде ставено на ниво на проблем на Европска унија, а не да се држи на ниво на проблем на билатерален спор, бидејќи секогаш нас ни одговара, односно на политичарите им одговара да се држи Македонија во заложништво, дека сите проблеми нам ни доаѓаат од Грција, од проблемот со името, а не дека ни доаѓаат од лошата политика, економска и воопшто политиката во државава.
Соња Стојадиновиќ, политиколог.

Еврокомесарот е дециден дека Советот на Европската унија во декември ќе донесе политичка одлука и дека се надева оти земјите членки на Унијата ќе ги земат предвид и позитивните елементи кои ќе произлезат од дијалогот на високо ниво.

Тој додава дека дијалогот на високо ниво не е начин да се заобиколат пристапните преговори и оти тоа не е начин на кој ќе се зборува за спорот за името. Во изминатиов период во јавноста се создаде мислење дека токму со дијалогот на високо ниво ќе се заобиколи спорот за името и дека може да се добие датум за преговори во декември.

Според експертите, ова е манипулација со цел да се подигнат очекувањата кај граѓаните дека земјава во декември ќе почне со преговори. Политикологот Соња Стојадиновиќ вели дека со тоа политичарите им даваат кураж на граѓаните за да се намали евроскептицизмот.

„Не можат ни да ни признаат ни тие, ни тие што беа пред нив дека дозволивме името да биде ставено на ниво на проблем на Европска унија, а не да се држи на ниво на проблем на билатерален спор, бидејќи секогаш нас ни одговара, односно на политичарите им одговара да се држи Македонија во заложништво, дека сите проблеми нам ни доаѓаат од Грција, од проблемот со името, а не дека ни доаѓаат од лошата политика, економска и воопшто политиката во државава.“

Таа додава дека откако во декември Македонија нема да добие датум за преговори без решение за спорот за името, власта ќе го искористи тоа на следните избори како оправдување за сегашната ситуација.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG