Достапни линкови

Закани пред Парадата на Гордоста во Белград


Белград - мини парада на гордоста - 27 Јуни. 2012
Белград - мини парада на гордоста - 27 Јуни. 2012

Во пресрет на 6 Октомври, кога ќе биде одржана парадата на гордоста во Белград, има се повеќе закани со насилство кон Геј заедницата. Активистите за човекови права ја повикаа владата на Србија да реагира и да ја гарантира безбедноста на сите граѓани.

Во некои делови на Белград се појавија постери против хомосексуалците во кој тројца маскирани мажи клоцаат млад човек со знаме на ЛБГТ заедницата и пораката „Ќе се видиме во октомври.“

Предраг Аздејковиć, од информативниот центар на Геј заедницата, за нашиот дописник во Белград Зоран Главониќ, изјави дека сите повици за линч се неприфатливи, а посебно заканите за насилство пред секоја планирана Парада на гордоста во Белград.
Единствената разлика што ја гледам оваа година е дека етикетите се во боја. Лани беа црно-бели, па јасно е дека десничарските организации имаат поголеми буџети. Вознемирувачки е тоа што полицијата, исто како и минатата година и оваа година не си ја врши работата.
Предраг Аздејковиќ

„Единствената разлика што ја гледам оваа година е дека етикетите се во боја. Лани беа црно-бели, па јасно е дека десничарските организации имаат поголеми буџети. Вознемирувачки е тоа што полицијата, исто како и минатата година и оваа година не си ја врши работата.“

Како и во изминатите години, членовите на десничарски организации се закануваат дека ќе сторат се за да не се одржи планираната парада на гордоста.

Бобан Стојановиќ од Организацискиот комитет на Парадата на гордоста ја повика владата да ги заштити сите граѓани од заканите.

„Ние веруваме дека овие работи би биле значително намалени доколку би имало координирана и јасна порака од државата дека тоа не е дозволено.“

Пет млади луѓе за кои се мислело дека се геј биле неодамна беа претепан откако биле уапсени од полицијата во Смедерево, а на истиот ден на 6 Октомври е најавен и протест под наслов „Парада на срамот“ во организација на здруженија на воени ветерани за да го привлечат вниманието на, како што велат, нивните маките во општеството.

Сепак, иако и меѓу политичарите има некои кои јасно рекоа дека немаат ништо против парадата, како што е министерот за образование Жарко Обрадовиќ, владата на Србија се уште не презела јасен став за одржување на Парадата на Гордоста на 6 Октомври, тука најави дека тоа ќе зависи од безбедносната проценка.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG