Достапни линкови

Протестите на АМАН ја оживеаја социјалната поезија


Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата во Битола.
Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата во Битола.

Со рецитирање поезија од Кочо Рацин, младите битолчани протестираат против поскапувањето на струјата, парното и горивата.

Со протестите на АМАН во Битола, организирани против новиот ценовен шок, после повеќе од шеесет години наново воскресна македонската социјална поезија. На протестите во Битола учесниците ги рецитираа песните на големиот македонски поет и борец за остварување на социјалните права, Кочо Рацин.
Личноста може да биде слободна преку непослушноста, обидувајќи се да и се спротивстви на моќта. И слободата е услов за непослушност. Слободата и непослушноста се неразделни. Од таму секој општествен, политички и религиозен систем кој прокламира слобода, а ја сузбива непослушноста не може да ја говори вистината.
Мариглем Демири, АМАН.

Како на вратот ѓердани,
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале.
Денови, ли се денови
аргатски маки големи.

(Денови)

Од вашата мака да живеат друзи,
ох, братко плукни на таков живот,
со вашиот труд, со вашата мака
срушете го овој свет
и друг направете братски.

(До еден работник)

На протестите во Битола учествуваат претежно млади, но начитани лица. Не се извикуваат само пароли, туку се упатуваат и пораки, при тоа цитирајќи мисли на познати филозофи и психолози, како на пример Ерих Фром.
Не е ЕВН само поскапител, главните се производителите на струја. Ова е трговско друштво, не може да купи скапо, евтино да продава. Производителите што градат споменици и барок. Барок не ни треба леб ни треба.
Граѓанин на Битола.

„Личноста може да биде слободна преку непослушноста, обидувајќи се да и се спротивстви на моќта. И слободата е услов за непослушност. Слободата и непослушноста се неразделни. Од таму секој општествен, политички и религиозен систем кој прокламира слобода, а ја сузбива непослушноста не може да ја говори вистината“, рече Мариглем Демири од Битола.

Протестите во Битола станаа своевиден Хајд Парк. Во градскиот парк се става озвучување и им се дава збор на сите учесници да го изнесат својот став против поскапувањата и уривањето на животниот стандард во земјава.

„Денес сме собрани, не за да изигруваме бунтовници. Дел од нас сме многу млади, ние не ни плаќаме сметки. Значајно е да се развие свест кај народот и една протестна култура. Потребна ни е бројност и континуираност. На македонскиот народ му недостига упорност, тоа мора да го постигнеме.“

„Не е ЕВН само поскапител, главните се производителите на струја. Ова е трговско друштво, не може да купи скапо, евтино да продава. Производителите што градат споменици и барок. Барок не ни треба леб ни треба.“

„Ги замолувам оние што седат по кафулињата да ни се придружат. Сите треба да станат да направиме нешто“, велат битолчани.

Со протестот се бара поевтинување на струјата, враќање на дневната евтина тарифа, запирање на приватизацијата во енергетскиот систем и друго.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG