Достапни линкови

Влажните марамчиња не се замена за сапун и вода


Илустрација
Илустрација

Двојно е зголемен бројот на заболени од инфективни цревни заболувања во Куманово. Лекарите порачуваат да се внимава на хигиената.

Овој месец во однос на минатиот двојно е зголемен бројот на заболените лица од инфективните цревни или таканаречени сезонски заболувања, покажуваат податоците во Регионалниот завод за здравствена заштита во Куманово. Според д-р. Предраг Ѓорѓиевски, епидемиолог во Центарот, во овој период кога се високи температурите вообичаено е да има појава на овие заболувања кои се манифестираат со повраќање и пролив.
Попедантно миење на овошјето и зеленчукот, миење на рацете пред секое јадење задолжително и што почесто со сапун и вода, сигурно ќе не спаси од илјадници болести ако не и повеќе. Општата и личната хигиена исто така да се подобри.
д-р. Предраг Ѓорѓиевски, епидемиолог.

„Се пие многу вода која го разредува желудочниот сок и со тоа бактериите полесно ја поминуваат првата бариера во организмот. Децата и возрасните се подолго време надвор, помалку обрнуваат внимание на хигиената. Комуналната хигиена главно не задоволува и затоа доаѓа до полесно пренесување на бактериите преку рацете и устата во дигестивниот тракт.“
д-р. Предраг Ѓорѓиевски, епидемиолог во Регионалниот завод за здравствена заштита во Куманово.
д-р. Предраг Ѓорѓиевски, епидемиолог во Регионалниот завод за здравствена заштита во Куманово.

Исто така се употребуваат овошјето и зеленчукот кои не се добро измиени или нема услови да бидат добро измиени, вели д-р. Ѓорѓиевски и препорачува:

„Попедантно миење на овошјето и зеленчукот, миење на рацете пред секое јадење задолжително и што почесто со сапун и вода, сигурно ќе не спаси од илјадници болести ако не и повеќе. Општата и личната хигиена исто така да се подобри.“

Во случај на појава на овие заболувања кои се карактеристични за малите, предшколските и малите школски деца, тие треба да побараат лекарска помош, бидејќи може да дојде до дехидратација на организмот, па дури и животот да се доведе во опасност, нагласува д-р. Ѓорѓиевски и додава дека подеднакво заболуваат и децата од градските, приградските и селските средини.

„Овој месец се пријавени 194 заболени, а минатиот месец 89. Има и некои хоспитализирани главно во дневна болница.“

РСЕ: Сега во тренд се влажните крпчиња. Дали тие можат да ги заменат водата и сапунот?

„Не, не. Не би рекол дека може да ја заменат водата, бидејќи со водата настанува одмивање. Со нив бактериите можат само подобро да се распоредат. Влажните марамчиња можеби имаат и некој дезифинциенс, не велам не, секако подобро и влажните марамчиња да се користат отколку ништо. Но во секој случај водата и сапунот се најдобрата работа“, вели д-р. Ѓорѓиевски
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG