Достапни линкови

Од факултет правец во странство


Повеќе од 250 невработени лица од Дебар и Центар Жупа кои имаат завршено факултети чекаат работа подолг период. Над 100 високошколски кадри од Жупа, Дебар и Река денеска работаат како градежни работници во Италија .

Голем број на невработерни високошколски кадри од општините Дебар и Центар Жупа ја зголемуваат миграцијата на населението и од ден на ден во се поголем број заминувуваат на печалба во странство. Над 250 невработени лица кои имаат завршено факултети од двете општини чекаат работа подог период. Некои од нив и покрај тоа што имаат завршено факултети за кои има работа во државните институции , сепак не се вработени, за што ги обвинуваат институциите дека вработуваат партиски членови.
Имам дипломирано на Институтот за одбрана и мировни студии. Но во секторите на Министерството за одбрана во Дебар се вработени етноилози, педагози, социолози по партиска линија.
Хари Исламовски, невработен човек од општина Центар Жупа.
Хари Исламовски е од општина Центар Жупа е невработен високошколски кадар . Тој има факултет, но нема рабоита околу десет години. Смета дека во вработувањето на младите предност имаат партиските членови, а не дипломата.

„Дипломирав во 2003 година и до денес не сум вработен. Се пријавував во Агенцијата за вработување каде во последно време сум испишан од списокот на лица кои се пријавуваат редовно за работа. Имам конкурирано на многу конкурси, но работа за мене нема. Исто така конкурирав и за државен администрарот но повторно не бев примен за да се вработам. Имам дипломирано на Институтот за одбрана и мировни студии при Филозофскиот факултет на универзитетот ,, Свети Кирил и Методиј ,, во Скопје според НАТО стандардите, и се применува за цивилна одбрана и цивилна заштита. Но во секторите на Министерството за одбрана во Дебар се вработени етноилози, педагози, социолози по партиска линија, а јас кој сум завршил факултет за тоа, за мене нема“.
Бев во Италија три пати за да барам работа и планирам таму да заминам. Таму има и многу други кои завршиле факултети и работаат во Италија. Само од мојата генерација во Центар Жупа завршивме десет лица факултети од кои седум се на работа во Италија. Нема друг излез.
Хари Исламовски, невработен човек од општина Центар Жупа.

Хари има околу 30 години и како многу други негови другари најавува заминување од земјава во странство за да обезбеди егзистенција за неговото семејство. Особено му е многу тешко кога се сеќава на деновиве додека студирал бидејки неговите родители имале многу исклучителни тешки економнски проблеми.

„Планирам да ја напуштам државава бидејќи не можам да обезбедам никаква егзистенција, бидејки се вработуваат само партиски лица. Бев во Италија три пати за да барам работа и планирам таму да заминам. Таму имам многу мои роднини и пријатели. Но таму има и многу други кои завршиле факултети и работаат во Италија. Само од мојата генерација во Центар Жупа завршивме десет лица факултети од кои седум се на работа во Италија. Нема друг излез“, вели Хари.

Според здруженијата на нашите печалбари кои делуваат во неколку градови во Италија, над 100 високошколски кадри од Жупа, Дебар и Река денеска работаат како градежни работници во Италија.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG