Достапни линкови

Илинденски желби за европска Македонија


Премиерот Никола Груевски положи цвеќе пред споменикот АСНОМ во Паркот Жена-борец и пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот Македонија во Скопје.
Премиерот Никола Груевски положи цвеќе пред споменикот АСНОМ во Паркот Жена-борец и пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот Македонија во Скопје.

Некои и ден денес сакаат да не обезименат, обезјазичат, обезличат. Од името на македонските граѓани нема да прифаќам извештаи за Република Македонија кои не ги вклучуваат нашите идентитетски одредници, рече претседателот Иванов.

Со желби за напредок, економски просперитет и градење на европска иднина, државниот македонски врв им го честиташе денешниот празник на македонските граѓани. Илинденските говори на претставниците на власта содржеа пораки за потребата од обединување и единство во остварувањето на државните приоритети.
Некои и ден денес сакаат да не обезименат, обезјазичат, обезличат. Од името на македонските граѓани нема да прифаќам извештаи за Република Македонија кои не ги вклучуваат нашите идентитетски одредници. Јас, како претседател на Република Македонија, инсистирам да ни се обраќаат со почит, во согласност со меѓународното право и со универзално прифатените принципи.
Ѓорге Иванов, претседател на Македонија.

Ве повикувам со нашите сопствени раце да ја создадеме европска Македонија, да ги достигнеме европските критериуми и стандарди, да изградиме достоинствен европски живот за оваа и идните генерации, рече македонскиот претседател Ѓорге Иванов во својот говор од Мечкин Камен во Крушево. Укажувајќи на проблемот со името кој ги попречува нашите евроинтеграции, Иванов порача:
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски држи говор пред Меморијалниот центар АСНОМ во кумановското село Пелинце за Илинден.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски држи говор пред Меморијалниот центар АСНОМ во кумановското село Пелинце за Илинден.

„Некои и ден денес сакаат да не обезименат, обезјазичат, обезличат. Од името на македонските граѓани нема да прифаќам извештаи за Република Македонија кои не ги вклучуваат нашите идентитетски одредници. Јас, како претседател на Република Македонија, инсистирам да ни се обраќаат со почит, во согласност со меѓународното право и со универзално прифатените принципи“, рече Иванов.
Некои ги оспоруваат овие наши проекти и достигнувања, но ние знаеме дека овие сфери се столбовите на едно општество. Темелот за развој и долгорочна одржливост е поставен, тоа е факт и аргумент, во исто време тоа е база и за реформите кои продолжуваат и кои ќе донесат нови успеси.
Никола Груевски, премиер на Македонија.

Двата Илиндена, премиерот Никола Груевски ги прослави во Скопје, каде положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ и споменикот на Методија Андонов-Ченто во центарот на градот. Македонија оди напред, патот е трасиран, борбата никогаш нема да запре, порача Груевски, кој дури и денеска во својот илинденски говор зборуваше за успешните проекти и мерки на Владата што ја предводи.

„Некои ги оспоруваат овие наши проекти и достигнувања, но ние знаеме дека овие сфери се столбовите на едно општество. Темелот за развој и долгорочна одржливост е поставен, тоа е факт и аргумент, во исто време тоа е база и за реформите кои продолжуваат и кои ќе донесат нови успеси“, рече Груевски.

Премиерот порача дека Македонија останува посветена на реформите на патот кон ЕУ и НАТО.

Годините зад нас се потврда дека напредуваме и цврсто чекориме на патот кон успехот. Денеска Македонија е исправена пред нови предизвици, но тие може да се совладаат само ако сме единствени, потенцираше претседателот на македонското собрание Трајко Вељаноски, кој со делегација присуствуваше на народниот собир во меморијалниот центар во Пелинце.

„Нашиот идентитет е нашето постоење, коренот на животот. Нашиот јазик е она по што се разликуваме од другите. Силни и обединети продолжуваме да правиме многу повеќе затоа што друг пат не постои. Денес нашата задача е да ја внесеме Македонија во ЕУ и НАТО. Сплотеноста е патот. Обединети и сложни, со силна љубов кон својата земја, со патриотизам, со здрави вредности“, рече Вељаноски.

Потсетувајќи на подвизите на илинденците во 1903 и на борците на НОБ на кои се темели современата македонска држава, Вељаноски рече дека со векови предците го чувале и пренесувале нашето битие и дека таа обврска треба да продолжи.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG